Пирло: Трофеј во Лигата на Шампионите? Тешко…

Фудбалерот од средниот ред на екипата на Јувентус, Андреа Пирло се обиде да ја спушти топката кога е во прашање учинокот на Јувентус во Лигата на Шампионите, истакнувајќи дека е мошне тешко и нереално да се надеваат на нешто многу големо во Лигата на Шампионите покрај такви големи тимови.
„Лигата на Шампионите? Не мислам дека сме подготвени да ја освоиме, барем не сеуште. Можам само да констатирам дека ќе го дадеме својот максимум се додека сме во елитното друштво. Има подобри тимови од Јувентус во тоа натпреварување и нема причина да не се каже вистината“ изјави Пирло.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Фудбалерот од средниот ред на екипата на Јувентус, Андреа Пирло се обиде да ја спушти топката кога е во прашање учинок

Пронајдете не на следниве мрежи: