Пишев го разобличи Заев: Со вчерашната изјава Заев покажа дека е тотално политички необразован

Изјава на пратеникот Васил Пишев по повод интервјуто на Зоран Заев на Канал 5.Во прилог ви ја пренесуваме неговата изјава:
Сакам да ја информирам македонската јавност дека Зоран Заев на вчерашното интервју на Канал 5 телевизија по којзнае кој пат дрско ги лаже македонските граѓани и за него говорењето на невистини стана негов личен стил и синоним за неговиот лик и дело.
Вчера, Зоран Заев уште еднаш докажа дека е политички необразован и неподобен.
Би се осврнал не три поенти што се обиде да ги продаде на јавноста вечера.
– Имено, тој го земаше буџетот на општина Струмица како репер каков треба да биде Централниот буџет на Република Македонија, со аргумент дека струмичкиот буџет бил транспарентен.
Ова е вистината како Заев го менаџира општинскиот буџет. Во прилог можете да видите како фирмите на неговите роднини и блиски соработници ја цедат општинската каса во милионски суми. Ако ја земеме неговата јавна изјава дека фирмите на Заеви ја финансираат СДСМ, по негова логика (трагикомична) кога тој ке стане премиер, дали централниот буџет треба да ја финансира СДСМ, исто како што тоа го прави буџетот на општина Струмица?! (ЛИНК)
Погледнете ги сумите кои општиската каса ги префрлува на јавното претпријатие Струмица гас и загубите кои тоа претпријатие ги прокнижува. На Заев му е полна устата како Струмица е успешна приказна за користење на гасот, а загубите за три години изнесуваат повеќе од 20 милиони денари по завршните сметки. (ЛИНК)
Или пак погледнете ги документите каде што ќе видите како неговите блиски невладини организации земаат дебели суми на пари од општинскиот буџет на Струмица, зар таков треба да биде и Буџетот на Република Македонија?! Ако буџетот на Република Македонија стане заложник на апетитите на Зоран Заев, тогаш државата ќе отиде во неповрат. Тоа е околу буџетот.
– Негова најсмешна изјава вчера беше дека во негово време во Струмица има многу инвестиции и вработувања.
Ова е вистината.
Тој во својата програма 2009 – 2013 вети индустриски зони, со преку 2000 вработувања. Во индустриската зона Сачево една тула од фабрика нема. Да биде уште потрагично вети и уште две доплнителни индустриски зони, ИЗ Крива Река и ИЗ Сливовица Куклиш, и од тие има само празни ливади. Во мандатот 2013 – 2017, во неговата програма вети уште 3 нови индустриски зони покрај овие “успешните”. Вети изградба на 30 фабрики, и од тоа ништо. Вети 3000 вработувања, и од тоа едно големо нула.
– И, како трето, Заев вчера изрече уште еден невиден блам, а тоа е дека тој и неговата партија во однос на вработувањата и функциите,наводно ќе биле транспарентни, експертски и професионални.
Уште една негова лага од неговата уста. Сведоци сме на партиски чистки овие денови од неговата потпретседателка Ременска во ресорот социјала, каде преку ноќ и незаконски го разреши директорот на Центарот за социјални грижи во Струмица, а на негово место го назначи поранешниот директор Зоран Манев, бивш претседател на Општинскиот комитет на СДСМ во Струмица и кандидат за пратеник во 2008 година од листата на СДСМ, а во Центарот за рехабилитација во Банско ја избраа Стојанка Изова, член на СДСМ, актуелен директор во мандатот на СДСМ од 1995 до 1999 година. Да потсетам дека и во општина Струмица ги има вдомено сите роднини на неговите блиски партиски соработници.
Сѐ што јавно и лажно ветува Зоран Заев за прекрасна иднина, тој во реалноста веќе сработил спротивно. Тој исполни само едно јавно ветување, а тоа е дека кога СДСМ ќе дојде на власт (МВР и МТСП), ќе брка од чистачка до директор.
Во прилог ви ја пренесуваме неговата изјава:
Сакам да ја информирам македонската јавност дека Зоран Заев на вчерашното инт

Пронајдете не на следниве мрежи: