Пишев: Заев избегнува ТВ-дуел со мене, зашто се плаши дека граѓаните ќе видат колку и како крадел!

Секој што загазил во криминал има причина да се плаши и треба да се плаши. Секој што безобразно ги краде парите од граѓаните на наместени, криминални тендери на кои се богатат партиски фирми, мора да одговара пред законот и да ги врати украдените пари, изјави пратеникот Васил Пишев.Во продолжение следува интегрален текст од изјавата на Пишев:
Со денешниот настап Петре Шилегов потврди дека единствениот политичар аболиран за тежок криминал е смртно преплашен.
Зоран Заев знае дека е повторно фатен во криминал.
Затоа аболицираниот криминалец Заев избегнува да излезе на ТВ дуел со мене и јавно да ги соочиме аргументите за граѓаните да видат колку пари украл и на кој начин ги украл.
Граѓаните треба да знаат како работата забегала до таму Струмица да плаќа двојно поскап превоз од Токио. Бледите настапи на Шилегов не може да бидат никакво оправдување за расипништвото на Заев и богатењето на неговите блиски.
Зоран Заев еднаш веќе успеа да избега пред законот благодарение на Бранко Црвенковски кој го спаси од одговорност за криминал тежок 8 милиони евра. Аболицираниот криминалец Заев не смее и повторно да избега од одговорност.
Институциите мора одлучно да реагираат и да докажат дека сите граѓани се еднакви пред законот.
Не смее еднаш аболициран криминалец, да остане и натаму привилегиран и недопирлив.
Во продолжение следува интегрален текст од изјавата на Пишев:
Со денешниот настап Петре Шилегов потврди дека единствениот политичар аболира

Пронајдете не на следниве мрежи: