Пишев: Заев не престанува да ги лаже граѓаните преку своите неостварливи и мегаломански ветувања

Од ден на ден, од митинг на митинг, слушаме по некој нов бисер од ветување на Зоран Заев.Очигледно Зоран Заев свесен за малата поддршка која што ја има кај граѓаните, пред нив ветува се и сешто, со цел да ќари некој глас повеќе.
Но, ова не му е прв пат. вакви исти и слични лажни ветувања на своја кожа имаат почувствувано и струмичани. Тие многу добро знаат што значи дадениот збор на Заев. Тие многу добро знаат што значи кога Зоран Заев ќе даде ветување. Тие многу добро знаат дека на зоран заев не може да му се верува.
Зоран Заев пред струмичани во изминативе години ветуваше се и сешто, но ништо од ветеното не оствари. 
Заев пред струмичани ветуваше дека ќе изгради нов повеќенаменски и модерен пазар со што по долги години струмичани требаше да добијат модерен и повеќенаменски пазар. Но ваков пазар, Зоран Заев никогаш не изгради.
Зоран Заев во Струмица ветуваше и изградба на повеќенаменска мултифункционална изложбена хала и деловен комплекс кои што требаше да дадат модерен и современ лик на општина Струмица. Но и од ова ветување на Заев нема ни трага ни глас.   
Тој пред струмичани вети и изградба на модерно булеварско решение со четири сообраќајни ленти на булевар Климент Охридски поточно од Жито Струмица до терминал. Денес струмичани можат да се уверат дека ниту од овој проект на Заев нема ништо. 
Ова е уште еден дел од списокот на нереализирани и празни ветувања кои Заев ги кажа пред струмичани.
Нему не му се важни проектите, нему не му е важен дадениот збор, а најмалку му се важни граѓаните.
На Зоран Заев му е важно само како да ќари уште некој тендер од општинскиот буџет за фирмите на брат му Вице, за фирмите на стрину му, чичко му, братучедите и бизнис партнерите.
Но сето ова ќе престане.
Граѓаните веќе знаат кој се расфрла со лажни и нереални ветувања само да се добере до власт, а кој ветува реални проекти и потоа ги исполнува и остварува. Затоа, на 11-ти декември струмичани ќе кажат големо не за лажните ветувања и големиот број на неостварени проекти на заев во Струмица.Очигледно Зоран Заев свесен за малата поддршка која што ја има кај граѓаните, пред нив ветува се и сешто, со цел да ќари некој глас повеќ

Пронајдете не на следниве мрежи: