Писмо на Има Иднина објавено во Financial Times

Писмо на Има Иднина објавено во Financial TimesВо денешното печатено издание на еден од најпрестижните весници во светот Financial Times, објавено еписмо на претседателот на граѓанското движење Има Иднина, д-р Владимир Лазаревик. Писмото е реакција на текстот насловен:
ЕУ разгледува мерки за замрзнување на амбициите на Македонија за членство.
Клучната поента на писмото на д-р Лазаревик е дека санкциите кои ги предвидува Европската Унија не треба да бидат насочени кон државата и нејзините граѓани, туку кон конкретни индивидуи кои се одговори за моменталните состојби во државата. Лазаревик укажува на потребата од лидерство кое и е неопходно на државата за да ги надмине овие кризни моменти.
Подолу е целиот текст на писмото
Почитувани,
Меѓународната изолација на Македонија како мерка против сегашната влада и владеечката партија ВМРО-ДПМНЕ не е адекватно решение за разрешување на големата политичка криза и граѓански немири. Наместо да ги обесхрабри, таа ќе ја поттикне зголемената владина анти ЕУ и анти НАТО реторика. Од изолацијата на Македонија единствена корист ќе има Владата, која всушност работи макотрпно да ја оддалечи земјата од ЕУ и НАТО.
ЕУ треба да изнајде начин како да примени директни мерки против индивидуи кои ги влечат конците на нестабилност, криминал и корупција. Државата очајно има потреба од нова форма на лидерство кое ќе го воспостави дијалогот помеѓу раскараните политички елити, и вознемирениот граѓански сектор.
Во 2001 година, Македонија го искуси првиот застој после вооружениот конфликт кој беше поттикнат од албанските бунтовници. Тогаш, Македонија имаше силно лидерство во обедителната личност на Борис Трајковски, кој загина во трагична авионска несреќа.
Силното лидерство на Претседателот Трајковски и вештата дипломатија го овозможи потпишувањето на Охридскиот Рамковен Договор кој донесе мир и просперитет на земјата. За жал овие денови, појавата и дејствијата на сегашниот претседател Ѓорге Иванов предизвикува лутина и неправди помеѓу граѓаните, и претставува повеќе недостаток за државата и нејзините граѓани, отколку потребна поддршка.Во денешното печатено издание на еден од најпрестижните весници во светот Financial Times, објавено еписмо на претседателот на граѓанскот

Пронајдете не на следниве мрежи: