Писмо од американски маринец:Тој проклет руски метален отпад!

Драга моја Мери! Извини што не сум ти пишал цела недела. Бев на третман за психолошка рехабилитација во нашата база во Рoмaнија. Морам да ти кажам, се случи нешто страшно…И тоа не само со мене туку со целокупната постава на нашиот храбар  уништувач „Доналд Кук.“ Нашиот уништувач е наоружан со најдобри системи за уништување на противниците и нема таков авион, ракета или подморница со која не би можеле да се соочиме.
На тој брод служат само најдобри морнари и оние кои ја презираат смртта.
И, така мила моја кога нашиот „Доналд Кук“ влезе во Црното Mоре за таму да ја подигне слободата и демократијата, нашиот капетан нас не построи на палубата и одржа говор.- Момци пред вас е многу важна мисија- да ја продемонстрираме бестрашливоста на Америка пред руските противници!
Вие знаете дека Русите ја одземаа од демократска Украина пола територија во вид на Крим и дека се подготвуваат да ја стават „шепата“ и на другата половина.
Во овој момент на искушение од вас се бара храброст, взаемно делување и дисциплина.
Ние три пати вриснавме „хоп-цуп-ура“ и започнавме да се подготвуваме за да им покажеме на Русите што ги чека доколку ја дигнат и другата рака на Украина!
Утредента кога нашиот брод крена во правец на Крим, ние здогледавме на небото руско летало кое се вика СУ- 24 и се произведува уште од времето кога нашите родители оделе во основно школо.

Тој е погоден за наводнување или хемиско ѓубрење на полињата. Така, кога го чувме алармот ние се забрзавме да застанеме во борбените положби.
Ние Русија ја пратевме со локатори додека дојде во зоната на гаѓање, за потоа да ја маркираме. Меѓутоа започна една мистерија… Најпрвин се угасија нашите локатори, па потоа се исклучија покажувачите на целта „Фаланга“ и комплетниот „Иџис“ беше исфрлен.
Нашиот прекрасен „Доналд Кук“ се лулаше на таласите како мртва желка. Се испостави дека тој проклет руски метал, СУ ја вклучил апаратурата и гордоста на нашата флота се претвори во една голема срамота!
А Русите започнаа да не исмејуваат.
Тој над нас изврши 12 летови, патуваше по нашите локатори, не заглушувале со звуците од моторот и едноставно на сите ни даде до знаење дека на такво пос*ано корито може да плива само пос*ан екипаж.
Мери неможеш ни да замислиш што ни се случи! Таква срамота не сме преживеале никогаш во животот. Некои од нашите момци плачеа како мали деца, други со главата удираат во апаратурата која не реагира,  асистент испи флаша виски на екс и на цел глас викаше- „Тој ужасен руски „Хабини“ (руски систем за електронска борба), а капетанот позелени од бес. Одма после 30 дена нашите момци поднесоа барање за ослободување од должноста.
Мене исто така ме фати хистерија па бев одведен во болница. Мери, ја секогаш ја сакав нашата Америка. Меѓутоа после овој инцидент започна да ме прогонува мислата за да се откажам
По ѓаволите нека одат и пари и се драга моја. Подобро ми е да бидам со тебе и да купам мала фарма во Аризона, да одгледувам целер и да го продавам а во недела да пеам псалми со нашата црква.
Јас мислам дека Америка повеќе не сака да ја зема нашата заштита во Украина. Бидејќи ако едно старо руско корито успеало да го собори нашиот „Доналд Кук“ тогаш замисли што можат да направат со нивните нови авиони! А ако се во состојба и да ги згаснат не само иструментите туку и мозоците на екипажот?
Размисли и самата, дали ја сум ти потребен без мозок? Голем бакнеж, засекогаш твој Џони.И тоа не само со мене туку со целокупната постава на нашиот храбар  уништувач „Доналд Кук.“ Нашиот уништувач е наоружан со најдобр

Пронајдете не на следниве мрежи: