Планина криела тајна: Решена мистеријата за смртта на 9 студенти?

Една група од 10 авантуристи од уралскиот Политехнички факултет во 1959 година се упатила на патување во суровата сибирска зима, кон планината на уралскиот венец, позната како планина на смртта, а не ни помислувајќи дека 9 од нив нема да се вратат. Во снегот во близина на уралските планини на смртта,  токму пред 55 години смртта ја нашле девет млади планинари. Што ги натерало голи и боси да го напуштат својот камп и да излезат на ужасно ладното време од минус 30 степени, повеќе од половина век се уште е мистерија.
Не ни помислиле дека девет од нив нема да се вратат од ова патување.
Лидер на бандата бил тогаш веќе искусен планинар, 23-годишниот Игор Дијатлов, чие замрзнато тело, заедно со другите, биле пронајдени во завеаната шума.
Спасувачката екипа која била пратена по нив, бидејќи не се вратиле ни две недели после планираниот датум, ги пронашла расфрлани по снегот полуголи и боси. Умреле како последица на смрзнување, преживеал само еден член на групата – Јури Јудин, кој поради здравствени проблеми ги напуштил пред мистериозното исчезнување.

Членовите на службата за спасување на 26ти февруари стигнале до кампот на несреќните студенти, кој бил искинат, со расфрлена опрема, облека и други лични работи. Планинарите не биле таму, единствен знак биле трагите од стапала што ги оставиле.
На половина километар од кампот ги пронашле првите две тела, по положбата можело да се заклучи дека се обидувале да се вратат во кампот. Меѓутоа, за разлика од првите шест пронајдени тела, телото на Рустем Слободин имал фрактура на черепот.
Тек два месеци подоцна истражувачите ги пронашле и останатите членови на групата. Нивните тела биле смачкани, на Золотарев ребрата му биле скршени, Људмила е најдена без јазик и скршени ребра. Но на нивните тела немало ни една модрица или гребаница.
По тоа што носеле облека само тие, било очигледно дека последни умреле. А облеката ја носела мистеријата: таа била контаминирана со високо ниво на радијација.

Мистерија со многу одговори, но ниеден конечен.
Истражувачите тогаш „заклучиле“ дека смртта била предизвикана од „непознати сили“, а кобната планина била именувана по лидерот Дијатловлјиев премин. Случајот бил затворен и на областа со години по несреќата, пристапот бил забранет.
Единствениот преживеан, Јури Јудин, кој го спасила лошата здравствена состојба, половина век одбивал да зборува за ужасната несреќа во јавноста. Додека не се појавил Дони Ајхар, автор кој посветил пет години за истражување на оваа мистерија.
Тој, всушност, верува дека главен виновник за ужасната несреќа бил таканаречениот кармански вител, феномен што може да произведе страшни планински торнадо ветрови, кои се смета дека имаат моќ да произведат во човекот чувство на ирационален, избезумен страв.
Истражувањата покажале дека инфразвукот кај луѓето предизвикува несоница, губење на здивот и чувство на паника и страв. Ајхар верува дека таков звук, во комбинација со шумот на планинските ветрови и клаустрофобичноста во внатрешноста на темните шатори кај планинарите предизвикале моментален делириум, поради што избегале од кампот.

За трагедијата кај Дијатловиот премин, Ајхар напишал книга „Планина на смртта“, а голема помош нашол од Јуриј Јудин кој во своите седумдесетти години, неколку месеци пред да умре, на Ајхар му прозборел за изгубените пријатели.
Прашањето како умреле го мачело до крајот на животот. А одговорот, колку и да се трудиме да поверуваме во различните теории, можеби никогаш нема да го дознаеме. Во снегот во близина на уралските планини на смртта,  токму пред 55 години смртта ја нашле девет млади планинари. Што ги натерало голи и боси

Пронајдете не на следниве мрежи: