Пластичните операции скапо ја чинеле: На првата придружничка на Мис Бум Бум, почнале да ѝ скапуваат нозете!

Откако на Андреса Урач (27), во декември минатата година лекарите ѝ вбризгале хидрогел за да ѝ ги зголемат бутините, таа добила сепса поради која завршила на интензивна нега.Атрактивната Бразилка, која е позната и како прва придружничка на Мис Бум Бум, денес има само една мисија – на жените ширум светот да им објасни дека се убави и без естетски зафати.
„Ако барем не можам поинаку, се надевам дека девојките и жените ќе научат нешто корисно од моето лошо искуство. Бев оспедната со мојот изглед и отидов под нож дури десет пати. Таа опседнатост за малку ќе ми го одземеше животот“, изјавила Андреса за CNN.
Кога сакала да си ги зголеми бутините, Андреса земала големи количества на анаболички стероиди и вбризгала хидрогел, односно пластика попозната како РММА. Нозете почнале да ѝ скапуваат.
„Се надевам дека моите повреди ќе им бидат пример на другите жени. Сакам да предупредам на големиот ризик кој секој естетски зафат го носи со себе. Мора да ги почитувате границите кои ви ги поставува Вашето тело“, искрено изјавила Урач.
Во потрагата по совршенство, таа ги оперирала носот, јагодиците, челуста, ги зголемила усните, ги оперирала градите и двапати била на липосукција. Таа била подготвена и да извади ребра за да има потенок струк и да си ги отсече ножните прсти за да може да носи помали чевли.
„Одев на операции како да одам во продавница по намирници“, заклучила Андреса.
Атрактивната Бразилка, која е позната и како прва придружничка на Мис Бум Бум, денес има само една мисија – на жените ширум светот да им обја

Пронајдете не на следниве мрежи: