„Пластики“: Ќе отвориме нови 150 работни места

Грчката компанија „Пластики“ од Атина, специјализирана во производство на изолирачки материјали во градежниот бизнис ќе инвестира во Битола. Oчекувањата се дека инвестицијата за околу две години да порасне до 2,5 милиони евра и да вработи 150 лица.-Ние сме во овој бизнис уште од 1958-ма година, мојот татко ја оформи оваа компанија. Поизведуваме инфраструктурни материјали за изолирање како што кажав за тунели, метро станици, мостови, патишта и воглавно водни брани за големи градби. На почтокот ќе започнеме со инвестиција од 500 илјади евра, па за две до две ипол години ќе достигне до 2 – 2,5 милиони евра. Ќе вработиме околу 150 луѓе, вели во интервју за битослката телевизија МЕГА сопственикот на компанијата, Јанис Тирбас.
Тој додава дека пред две години, кога барале место за инвестирање биле повеќе ориентирани кон земјите од Европската унија, ги посетиле Бугарија и Србија, но по некое време луѓе од македонската Владата биле на Бизнис саем во Солун.
– Бев изненаден, ме убедија дека вашата земја e најдобра за инвестирање. После тоа, пред околу една година посетив многу места барајќи го вистинското место за нашата компанија. Дојдовме во Битола и одлучив дека  Битола е вистинското место за инвестирање. Главната причина е тоа што Битола има високо едуциран и млад кадар. Слушнав дека има многу добро инженерско школо овде и мислам дека најдобриот начин е да се пронајдат млади луѓе со добро образование, електро-механичко образование, да започнат да работат во нашата комапнија. Ова беше главната причина, но исто така е блиску до грчката граница, лесно е да се дојде тука и е доста убаво место за живеење, вели Тирбас.
Тој потенцира дека производството ќе започне на почетокот на 2017-та година.
-Ќе го направиме местото според нашите потреби и мислам дека на почетокот или крајот на февруари, почетокот на март ќе започнеме со производство. Производите ќе ги извезуваме воглавно во земји од Блискиот исток, секако во Грција имаме бројни потрошувачи, големи градежни компании кои исто така работат и овде. Исто така извезуваме и во Сингапур, Кипар, сите земји од Балканот. Се надеваме дека ќе растеме тука, заклучува Тирбас.
Инаку, груевски вечерва најави уште една инвестиција токму во Битола. Турска компанија која се занимава од метало преработувачката индустрија одлучи да инвестира во зоната во Жабени. Инвестиција е од 8.6 милиони евра ќе донесе нови 110 вработувања. Тие имаат купено земја во Жабени, а градбата ќе започне идната година, стартување на производството би било во 2018-та година.-Ние сме во овој бизнис уште од 1958-ма година, мојот татко ја оформи оваа компанија. Поизведуваме инфраструктурни материјали за изолирање како што

Пронајдете не на следниве мрежи: