Платформата ги спасува албанците од резултатите од пописот

Ако платформата на албанските партии, односно условите поставени во неа, биде прифатена од страна на СДСМ, потоа дури и да се спроведе попис, кој се очекува да покаже дека во Македонија има помалку од 20 отсто Албанци, тоа ќе биде небитно бидејќи албанската заедница веќе ќе има третман на државотворна, која, ако сака, ќе може и да излезе од државата.Тоа, всушност, значи дека албанската платформа е еден вид превентива бидејќи ако пописот покаже дека нивниот број во РМ е околу 16 отсто, пропаѓа Рамковниот договор, односно стануваат неприменливи амандманите на Уставот донесени врз негова основа. Во таков случај албанските партии ќе треба да бараат гаранции и од останатите заедници, пред с` од македонскиот народ дека нема да се намалуваат нивните права стекнати врз основа на Рамковниот договор, но тоа ги става во дефанзивна положба и им ја одзема моќта да уценуваат што сега ја имаат. Оттука пропаѓаат и преговорите на ДУИ со ВМРО-ДПМНЕ, а сега албанските партии делумно отстапуваат во преговорите со СДСМ не барајќи промена на Уставот во делот со јазикот бидејќи сметаат дека со ова раководство на СДСМ и нивните цели се пред историска шанса – сега или никогаш.
Имено, платформата дојде во клучен период токму како превентивно средство за резултатите од пописот за кои е повеќе од очигледно дека резултатите ќе покажат оти Албанците се под 20 отсто од вкупниот број население во РМ. Со тоа, всушност, тие ризикуваат дека ќе ги изгубат правата на централно ниво. Со други зборови, албанските партии се обидуваат сега со уцена да ги добијат правата, кои, доколку се спроведе попис, нема да имаат никаква основа да ги побараат, ниту да ги добијат на централно ниво.
Инаку, една од причините, како што веќе објави „Дневник“ за пропаѓањето на преговорите меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, покрај прашањето за двојазичноста, е и пописот.
Еве како течеше битката за спроведување на пописот изминатите години.
По 2002, во 2011 година првпат се направи обид да се спроведе оваа најголема статистичка акција. Но, таа пропадна тогаш кога се виде дека на терен членовите меѓу попишувачите од албанска националност прават фалсификат, се обидуваат по секоја цена да го зголемат бројот на албанско население и попишуваат лица во странство кои се таму повеќе од една година, дури и на „Скајп“.
Четири години потоа, во јули 2015, премиерот повторно најави попис. Груевски за време на собраниска седница за пратенички прашања рече дека во Македонија ќе се спроведува попис по електронски пат.
– Очекуваме до крајот на оваа година да пристигне целокупната потребна опрема за поврзување на сите матични единици во Македонија и со тоа нашите процени се дека речиси 70 проценти од прашањата за пописот би биле електронски одговорени, односно нема да треба да бидат поставувани прашања до граѓаните, туку софтверски, компјутерски со електронско поврзување на матичните евиденции ќе се соберат сите потребни одговори – рече Груевски во јули 2015 година.
Еден-два дена потоа против оваа најава на Груевски веднаш беа активирани т.н. невладините организации, а 46 од нив во отворено писмо му порачаа на Груевски дека неговата влада нема легитимитет за да го спроведе. Јасно ви е за кои и за какви невладини организации се работи и кој го вклучи копчето за нивна реакција.
Брзо по нив реагира и тогашниот коалиционен партнер Али Ахмети, според кого најавата за попис е нешто за кое не постои договор меѓу страните ниту, пак, дека воопшто било ставено на маса квалификувајќи ги модалитетот и софтверското решение како идеја само на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата на Ахмети тогаш не сакаше да коментира повеќе со образложение дека најпрвин мора да има меѓукоалициски договор за нов попис, а дури потоа да се размислува за модалитетите и начините како да се изведе пребројувањето.
И СДСМ тогаш не се согласуваше со идејата за попис. Велеа дека пописот не е дел од договорот во Пржино потенцирајќи дека пребројувањето може да се направи и по изборите.
Извор: ДневникТоа, всушност, значи дека албанската платформа е еден вид превентива бидејќи ако пописот покаже дека нивниот број во РМ е околу 16 отсто, пропаѓа Р

Пронајдете не на следниве мрежи: