По 23 години Ливерпул ја прекина ужасната серија

Ливерпул последен пат ја освоил титулата во 1990 година.Тоа бил нивниот 18-ти во историјата на клубот и од тогаш поминале 24 години.Во тие години црвените биле недопирливи кога титулата во Англија била во прашање. Но тоа е многу одамна.
Дошла ерата на Манчестер Јунајтед, кој сепак успеал да го сруши тој рекорд, кога бројот на титули на островот е во прашање, па дури и да го поправи тоа. Минатата сезона во витрините на Црвените Ѓаволи била донесена и 20-тата титула како шампион на Англија.
Големиот ривал на Ливерпул под водство на Сер Алекс Фергусон бил недопирлив. Но на се некогаш му доаѓа крај па така и на доминацијата на Јунајтед. Сер Алекс замина, а со тоа и доминацијата на Јунајтед. Особено против Ливерпул. Звучи неверојатно дека црвените 23 години чекале за да бидат над Јунајтед на табелата во Премиер лигата.
Последен пат Ливерпул во овој период од годината, во пресрет на Денот на вљубените, бил пре Јунајтед во 1991. година и тоа со 14 поени предност. По 23 години, дојде крајот на оваа доминација. Ливерпул под водство на Брендан Роџерс во моментов имаат 11 поени повеќе од Јунајтед. Минатата сезона, во пресрет на вљубените United имаше 29 поени повеќе од Ливерпул.
Едноставна математика, црвените во изминатата година, освоиле 40 поени повеќе од Јунајтед во Премиер Лигата!
Дејвид Мојс, менаџерот кој го презеде кормилото на Јунајтед минатото лето, често во својата одбрана знае да каже дека Црвените Ѓаволи оваа сезона губи заради фактот дека Робин ван Перси и Вејн Руни често пропуштаат натпреварот поради повреда. Но од Енфилд одговараат на тоа дека овие двајца играле заедно на последните 3 натпревари и дека Јунајтед во трите натпревари освоилe само два поени.
И за тврдењето дека Ливерпул е таму каде што се сега “само” благодарение на неверојатната форма на Luis Suarez на Енфилд имаат контрааргумент. Ние постигнавме осум гола во последните два натпревари (Арсенал и Фулам), знаете колку постигна Суарез? Ниту еден!Тоа бил нивниот 18-ти во историјата на клубот и од тогаш поминале 24 години.Во тие години црвените биле недопирливи кога титулата во Англија

Пронајдете не на следниве мрежи: