Една од најстарите активни македонски рок групи, Морал, формирана во далечната 1981 год, после цели 12 години од последниот студиски албум „Кога патувам“, го најавува новиот албум кој треба да излезе до крајот на годинава.Една од најавите е и новиот сингл, ретро блуз-рок балада која се вика „Како некогаш“.
Како гостин во новата песна се појавува Тамара Тодевска, кој уште еднаш докажа дека е еден од најдобрите и најмоќните вокали кај нас. За новата песна на Морал, која потсетува на големите рок балади од 70-тите и 80'-титегодини, се планира и видео запис, кој ќе биде сниман на неколку локации низ Македонија.
И оваа песна е комплетно авторско дело на басистот и лидер на бендот Славчо Стојановски.
Со новиот албум, Морал најавуваат и голем промотивен концерт во Скопје, како и турнеја низ Македонија.
Уживајте во новата песна на Морал и Тамара „Како некогаш“:
Една од најавите е и новиот сингл, ретро блуз-рок балада која се вика „Како некогаш“.
Како гостин во новата песна се појавува Т


