По една деценија пауза, европското првенство во кајак, повторно во Македонија

„Во периодот 03-06 Јули Македонија ќе биде домаќин на повеќе од 400 кајакари од 35 држави, настан кој е чест и голема обврска да се организира. Но, само поради подготвеноста на државата и стекнатото искуство од претходните купови, ни беше доделена оваа привилегија.“ – истакна Атанас Николовски, спортскиот директор на кајакарската федерација на Македонија.Во просториите на Скопје Сити Мол се одржа првата прес-конференција посветена на европското првенство во кајак на диви води за јуниори и сениори до 23 години. На пресот се објавија и првите детали од организациски аспект, како и важноста на овој настан на македонскиот спорт и државата воопшто.
„Европското првенство е нешто што посакувавме долго време. Последното европско кај нас се случи последен пат во 2004 година. По 10 годишна пауза, среќни сме што во Македонија ќе се случува вакво нешто. Во периодот 03-06 Јули Македонија ќе биде домаќин на повеќе од 400 кајакари од 35 држави, настан кој е чест и голема обврска да се организира. Но, само поради подготвеноста на државата и стекнатото искуство од претходните купови, ни беше доделена оваа привилегија.“ – истакна Атанас Николовски, спортскиот директор на кајакарската федерација на Македонија.
Настаните од ваков тип се секогаш безрезервно поддржани од Агенцијата за Млади и Спорт, па така и на ова европско првенство тие се јавуваат како генерални покровители.
„Да се организира европско првенство, не е мала работа. Нити од организациски аспект, но од важноста за државата. Затоа, Агенцијата за Млади и Спорт, повторно и дава безрезервна подршка на кајакарската федерација на Македонија, која е организатор на оваа манифестација и која верувам дека успешно ќе си ја реализира зададената задача.“ – изјави директорот на Агенцијата за Млади и Спорт, Марјан Спасески.
Со оваа прес-конференција се најави и почетокот на настанот Спорт Сити Дејс во Скопје Сити Мол. Настан наменет за промоција на спортот во Македонија, како и на федерациите.
„Морам да изразам огромна благодарност до Скопје Сити Мол, кој ја препозна потребата на федерациите за промоција и го организираше овој настан. Сите посетители ќе имаат можност да дознаат нешто повеќе за 24-те федерации изложувачи, како и да дознаат нешто повеќе за нивните успеси преку музеите со пехари и медали кои се поставени. Заинтересираните ќе можат до недела да си ја пробаат кондициската подготвеност, заедно со тренерите од Кросфит Скопје, преку сите интересни содржини кои ги подготвивме за нив.“ – Додаде Борче Боев, претседателот на спортските федерации во Македонија.
Инаку европското првенство во кајак на диви води со свечено отварање официјално ќе се отвори на 02 јули каде ќе има свечено дефиле на сите држави учесници, а официјалниот старт е на 02 јули во кањон Матка.Во просториите на Скопје Сити Мол се одржа првата прес-конференција посветена на европското првенство во кајак на диви води за јуниори и

Пронајдете не на следниве мрежи: