По кавга, ги оставила сопругот и синот: По два дена тој објавил ПОТРЕСНО ПИСМО!

По долгиот, напорен ден во канцеларија, сопругот се враќа дома исцрпен од работа, каде само паѓа во кревет, го вклучува телевизорот и гледа утакмица без да му викаат децата на глава, а жената го критикува затоа што не и помога околу куќните работи.Тој ден му здосадило и помеѓу нив двајца почнала жестока расправија, по која сопругата си собрала работите и си отишла од дома. Кога, ниту после два дена не се вратила, нејзиниот сопруг одлучил да и напише писмо и да да го објави на својот Фејсбук профил:
„Драга моја,
Пред два дена имавме голема расправија. Стигнав изморен од работа и само сакав да гледам телевизија. Кога те видов, беше исцрпена и нервозна. Се бореше со децата затоа што не сакаа да одат во кревет. Што направив? Само го зголемив звукот.
Тоа те направи уште полута. Ми кажа дека не би ме убило ако понекогаш малку ти помогнам. „Ти одговорив дека по цел ден работам, а не седам дома и си играм со децата.“
Нашата расправија отиде толку далеку што почна да плачеш. Ти кажав погрдни зборои, а ти викаше на мене. Си спакува неколку работи и си отие од дома. Останав сам со децата во дневната соба.
Морав да припремам вечера и да ги спремам децата за спиење. Следниот ден, не се врати и тоа значеше дека повторно ќе морам да се грижам за децата.
Бев сведок на плачење, викање и фрустрации.
Дознав дека често не си имала време ниту да се истушираш. Научив како е во исто време да готвиш и да пазиш да не истече млекото.

Дознав како е да си по цел ден затворен дома и не можеш да поразговараш со некој повозрасен од 10 години.
Научив како е да не можеш барем еднаш да јадеш сам и да се релаксираш, затоа што секогаш постои некое дете што сака нешто. Сакам да спијам 20 часа, но после 3 часа ќе бида разбуден од плачењето на децата.
Те разбирам што си нервозна, затоа што не си можела да се потпреш на мене, на својот сопруг. Не си можела да се забавуваш, уживаш, едноставно ниту да се наспиеш на мира.
Јасно ми е колку е голем товарот на една мајка.
Го пишувам ова писмо бидејќи сакам да знаеш не сам одека ми недостигаш, туку и да ти ветам дека нема да помине ден без да ти кажам…
„Ти си неверојатно храбра, ти си прекрасна сопруга и мајка! Ти се восхитувам!“
Ова писмо го обиколи светот, и не е чудно. Напишано е од срце и се во него е апсолутно точно. Во него се препознале сите мајки, но и татковци кои мора да се грижат за своите деца.
 Тој ден му здосадило и помеѓу нив двајца почнала жестока расправија, по која сопругата си собрала работите и си отишла од дома. Кога, ниту после дв

Пронајдете не на следниве мрежи: