По посетата на Париз, Јапонците посетуваат психолог!

Десетици јапонски туристи секоја година бараат помош од психолог по посетата на Париз, бидејќи реалноста, која се состои од непријателски настроено локално население и запуштени улици, често драстично се разликува од нивните очекувања.„Третина од пациентите веднаш се опоравуваат, другата третина се враќа на понатамошно советување, а останатата третина заболува од психоза“, наведува психологот кој ги лекувал пациентите.
Оваа година, јапонската амбасада во Париз вратила четири туристи дома порано од планираното. Меѓу нив биле две жени, кои биле уверени дека против нив постои заговор и дека во хотелските соби во кои престојувале биле скриени уреди за прислушување.
Меѓу случаите со психоза, имало и маж кој бил убеден дека е реинкарнација на францускиот крал Луј 14, како и жена која мислела дека ја прогонуваат микробрановите печки, изјавил Јошикацу Аојаги од јапонската амбасада.
Појавата е наречена „париски синдром“, и за прв пат е опишана во психијатарското списание „Нервир“ во 2004 година.
„Во јапонските продвници, купувачот е крал, додека во Франција продавачите воопшто и не ги погледнуваат купувачите. Луѓето кои го користат јавниот превоз делуваат одбивно, а тоа доживување дополнително го влошуваат и крадците на чанти“, изјавил Бернар Делаж, од здружението кое им помага на јапонските семејства да се прилагодат во Франција.
„Париз за нас е град од соништата. Сите Французи се убави и елегантни.. Но, кога ќе стигнат таму, Јапонците сфаќаат дека францускиот карактер е сосема различен од нивниот“, раскажува јапонката Ејми.„Третина од пациентите веднаш се опоравуваат, другата третина се враќа на понатамошно советување, а останатата третина заболува од психоза&ld

Пронајдете не на следниве мрежи: