По повод 130 годишната историја: „Тиквеш“ го отвори првиот дигитален музеј во Македонија

Loading...

Во функција на одбележување на 130 – годишната традиција во производство на вино, ВВ „Тиквеш“ го стартуваше првиот дигитален музеј посветен на уметноста на создавањето врвно вино во Македонија.Дигиталниот музеј на „Тиквеш“ го сочинуваат фотографии и информации кои сведочат за големиот број значајни настани, луѓе, предмети и опрема за производство и консумација на вино, како и етикети, шишиња и примероци од вина кои се врежани во исклучително богатата историја на винарницата со најдолга традиција во Македонија и регионот.
Првиот дигитален музеј на виното во Македонија е поставен на интернет платформата Tumblr (Тамблр) која на посетителите им овозможува да објават и свои авторски фотографии од артефакти и настани кои на различен начин се поврзани со историјата на „Тиквеш“.
– Идејата за овој прв виртуелен музеј во земјава се роди спонтано, а е резултат на нераскинливата врска што ја има „Тиквеш“ со долгата традиција на производство на вино во Македонија. Големото значење на „Тиквеш“ за развојот на домашната винска индустрија беше доволен мотив и предизвик за нас да ја започнеме оваа колекција на фотографии и информации што сведочат за уметноста на создавањето врвно вино на овие простори. Верувам дека голем број вљубеници во уметноста на правење и уживање во врвното вино, ќе ја збогатат колекцијата со тоа што ќе достават и свои фотографии кои сведочат за историјата на „Тиквеш“ и неговите вина, затоа што тие се составен дел од нашите животни радости“, вели Елена Младеновска Јеленковиќ, маркетинг менаџер на ВВ „Тиквеш“.
Содржините кои се дел од #Тиквеш музеј на вино се достапни преку интернет адресата: www.tikvesmuzej.mkДигиталниот музеј на „Тиквеш“ го сочинуваат фотографии и информации кои сведочат за големиот број значајни настани, луѓе, предмети и оп

loading...
Loading...