По разорните земјотреси сега и невреме Мексико

Мексико овој месец не може да здвине ни за момент, откако претрпе неколку разорни земјотреси, пристигнуваат нови природни непогоди.Тропската бура „Пилар“ формирана на западното крајбрежје на Мексико се очекува да дојде до копното кај одморалиштето Пуерто Ваљерта.
Американскиот центар за следење на урагани соопштил дека брзината на ударот на ветерот „Пилар“ достигнала 65 километри на час и дека се наоѓа 110 километри југозападно од градот Манзанија.
Покрај тоа, Вулканот Попокатепетл од синоќа почна да исфрла пепел и пареа, која формира столб од чад во висина до два километри.
Експертите, сепак, сметаат дека оваа ерупција на вулканот не е поврзана со серијата земјотреси, што изминативе две недели погодија делови на Мексико.
Тропската бура „Пилар“ формирана на западното крајбрежје на Мексико се очекува да дојде до копното кај одморалиштето Пуерто Ваљерта.

Пронајдете не на следниве мрежи: