По тешката болест, на легендарниот Бора Чорба му се случи и ова…

По воспалението на белите дробови поради што Бора Чорба морал да помине скоро два месеци во болница, врската со Дубравка од Љубљана западнала во криза. Дали бора ја оставил девојката со која минатата зима бил на Малдивите, ќе остане мистерија уште некое време. Сепак, рокерот не демантирал дека врската доживеала фијаско. „Реков дека нема да ви одговорам на прашањата од приватниот живот. Она што можам да го кажам е дека извесно време нема да одам во Дежел. Имам многу работа во следниот период“, рекол Бора.
Ниу неговиот менаџер не сакал со сигурност да ја потврди оваа приказна.
„никогаш не се мешам во личните работи на Бора. Знам само дека  на мене како менаџер секогаш ми беше најдобро кога немал девојка. Тогаш целосно се посветуваше на концертите и ги пишуваше најубавите песни“, вели Гане кој подготвува голема турнеја за на пролет.
Бора со Дубравка, која е значително помлада од него, поминувал време во Љубљана скоро секој викенд во последните година дена. Дури и направил тетоважа посветена на нејзе.

„ја обожавам својата нова тетоважа на која е ликот на една обожавателка. Имам неколку тетоважи, а првата од нив, рибина коска, ја направив пред 30 години. Нема да откривам детали за врската со девојката од Словенија. Ќе ви кажам дека сме во врска девет месеци, убаво ни е, бевме заедно на Малдивите. Таа не ми е свршеница и нема да живеам во Словенија, како што пишуваат тамошните медиуми. Многумина се прашуваат што правам во Љубљана со помлада риба.  А ние јадеме диетална храна и пешачиме по планините, така што ме натера да ослабам 20 килограми. Не мие проблем да патувам кај неа секоја недела и по неколку пати бидејќи таа се занимава со организацијата на моите патувања“, велел  Бора. „Реков дека нема да ви одговорам на прашањата од приватниот живот. Она што можам да го кажам е дека извесно време нема да одам во Дежел

Пронајдете не на следниве мрежи: