ПОБЕДНИКОТ НА НАГРАДАТА „БУКСЕЛЕР“ КОНЕЧНО НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

29 февруари 2016, Скопје – Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство го најавува објавувањето на романот „Победниците“ од Рој Јакобсен, кого го нарекуваат „најдобриот раскажувач од времето на Кнут Хамсун до денес“. Преводот на македонски е на Искра Бадева.Најдиректен опис во норвешката книжевност на општествениот феномен наречен „големото класно патување“ – социјалното издигнување на норвешкото население во XX век. Од перспективата на едно семејство се прикажани условите за живот на обичниот човек во Норвешка во минатите 80 години, при што со огромна брзина економијата од земјоделско-рибарски ориентирана се трансформирала во постиндустриска, технолошки напредна, со голем број можности и со благопријатни околности. Големиот пробив на Јакобсен се случил токму со овој роман, кој му носи широка публика и одлични критики. „Победниците“ е добитник на наградата „Букселерс“ и на престижната Награда на книжевните критичари од Норвешка. Книгата е објавена со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.
Рој Јакобсен (1954) е еден од највлијателните современи писатели од Норвешка. Автор е на книга раскази, романи, биографии, како и на книги за деца. Од сензационалното деби, се развил во оригинален и моќен автор со посебен интерес во психолошката страна на човечките односи. Член е на Норвешката академија за книжевност и јазик.
Искра Бадева е родена во Скопје во 1980 година. Како вљубеник во културата и литературата на Северот ги има завршено студиите по скандинавистика на Софискиот универзитет во 2007 година. Живее и работи во Скопје. Преку своите преводи се надева дека ќе ја разбуди љубопитноста на македонските читатели кон историјата, секојдневието и кон начинот на размислување на северните народи, толку далечни и поинакви од нас.Најдиректен опис во норвешката книжевност на општествениот феномен наречен „големото класно патување“ – социјалното издигнување н

Пронајдете не на следниве мрежи: