Почина 19-годишното момче кое со својот Фејсбук статус го потресе Балканот

Синоќа почина 19 годишниот Неџад Беширевиќ чија приказна „Јас сум оној малиот што има рак“ го потресе целиот Балкан. Момчето кое боледуваше од тумор на лимфните жлезди синоќа ја изгуби битката – соопшти неговото семејство.- Синоќа во 23.45 нашиот борец се пресели во подобар свет каде енма инекции, терапии, болки и мака – беше објавено на Фејсбук групата „Помош за Неџад Беширевиќ“.
Неџад летово на својот Фејсбук профил ја објави приказната „Јас сум малиот кој има рак“ – потресно сведоштво за неговиот живот во постела, за стравот и љубовта кон неговите најблиски, за борбата за живот која ја води токму за нив. Во писмото Неџад напиша:
„Јас сум тој, оној малиот што има рак, оној за кој се собираат пари да преживее…Да тоа сум јас. Јас сум касичка за доброволен прилог во вашите банки, жиро сметка, хуманитарен концерт и хуманитарен број…
Јас сум тој што детството го помина во болници, родендените ги славеше во болнички соби, светското првенство во фудбал го гледаше од болнички кревет ( ме прекинуваа медицински сетсри да ми измерат температура)… Јас сум тој кој животот го испи од моите најмили како што мојата болест го пие од мене.
Би сакал да не е така. Би сакал никогаш да не сте чуле за мене, да ме познаваат само семејството пријателите и соседите, или да сте чуле за мене но по нешто убаво. Да сум оној малиот кој го напуштил школото затоа што не му одело, а не затоа што е болен, да сум секој само не „оној кој има рак“.

 
Жал ми е што сум ви товар, што сите ве молат да ми помогнете, што јас ве молам да ми помогнете, но не ми е за мене. Мене ми е моите да не останат без мене, не можам тоа да им го направам. Видов како мои „пријатели по кревет“ заминуваа, каква тага остануваше по нив, мојата мајка тоа не би го поднела, како тоа да и го направам. Кој од вас тоа би го направил на својата мајка!
Затоа одлучив да успеам. Кога се ќе помине ќе завршам и факултет па да може и мојата мајка да се фали со мене „по кафиња“ а не само да зборува за рецепти кои лекуваат рак. Ќе имам свое семејство и деца и ќе им раскажувам…
Како татко им еднаш одамна бил болен, како се извлекол… Луѓето ми помогнаа. Сите беа тука за него и никогаш, баш никогаш тоа не им го заборавил…“
Статусот прочитајте го ТУКА- Синоќа во 23.45 нашиот борец се пресели во подобар свет каде енма инекции, терапии, болки и мака – беше објавено на Фејсбук групата „

Пронајдете не на следниве мрежи: