Почина актерот кој ја толкуваше улогата на тренер на Роки

Амекриканскиот актер Тони Бартон, кој се прослави со улогите во филмскиот серијал „Роки“, почина во 78. година од животот.Неговата сестра Лорета Кели во изјава за американските медиуми нагласи дека Тони „само се струполил“ и починал.
– Не можеше да му се помогне, додаде Кели.   
Таа соопшти дека последниве години Бартон повеќепати бил на испитувања во болница поради тоа што се жалел на здрваствени проблеми, но лекарите не можеле да му утврдат дијагноза.
Поради здравствените проблеми, Бартон не се појави ниту на премиерата на филмот „Creed“, кој претставува продолжение на серијалот за Роки и годинава е номиниран за Оскар. 
Тони Бартон е еден од четворицата актери кои настапија во сите четири претходни филма за Роки, каде го толкуваше ликот на неговиот тренер Дјук.
Инаку, Роки во сите продолженија го играше Силвестер Сталоне. Неговата сестра Лорета Кели во изјава за американските медиуми нагласи дека Тони „само се струполил“ и починал.
– Не можеше да

Пронајдете не на следниве мрежи: