Почина Боби Симоновски – уличната музичка легенда!

Насмеано и среќно лице кое го буди доброто расположение во депресивно то сивило  – тоа лице беше лицето на Боби – Слободан Симоновски кое можевме да го забележиме на влезот на ГТЦ.Боби повеќе не е меѓу нас. Музичарот кој на својот репертоар имаше нумери на домашните и странските изведувачи, почина на 42 годишна возраст.
Во младоста членувал во групата „Катанга“. Музиката отсекогаш била неговата најголема љубов. Не се оженил никогаш, а имало период кога сакал да се замонаши, но во разговор со еден медиум изјавил дека не можел да се откаже од жените, па затоа идејата за замонашување пропаднала.
Многупати добивал бакшиш и поддршка од неговите колеги кои движејќи се во трговскиот центар застанувале да го слушнат. Најредовни биле Владо Јаневски, Росана, Џокси, Боки 13, Зафир Хаџиманов, Петар Ренџов, Венко Серафимов.
Лесна ти земја, пријателе. Ќе недостасува звукот на твоите песни кои се ширеа низ Градскиот трговски центар.
 Боби повеќе не е меѓу нас. Музичарот кој на својот репертоар имаше нумери на домашните и странските изведувачи, почина на 42 годишна возраст.

Пронајдете не на следниве мрежи: