Боби Кристина Браун, ќерката на Витни Хјустон, почина на 23 годишна возраст. Информацијата за нејзината смрт, за новинарите ги потврдила претставничката на семејството Кристен Фостер.Било изјавено дека Боби Кристина починала во неделата, додека нејзиното семејство било покрај неа.
Да потсетиме, на 21 јануари, Боби била пронајдена во када, каде докторите ја ставиле под медицински индуцирана кома од која не се разбудила. Несреќата најверојатно била предизвикана од прекумерното користење на наркотици.
Боби била единственото дете на R&B пеачот Боби Браун и поп дивата Витни Хјустон која во 2012-та година била пронајдена мртва во када во еден хотел во Лос Анџелес.
Смртта на нејзината мајка исто така била поврзана со користење на наркотици.
Витни и Боби Браун долго време се бореле со зависноста од дрога, каде се развеле кога нивната ќерка имала 14 години.
Боби Кристина Браун, после смртта на нејзината мајка, два пати била примена во болница поради психичко пореметување.
Но, како што пишуваат медиумите, смртта на Боби Кристина Браун ќе се третира како убиство, каде прв осомничен е нејзиниот дечко Ник Гордон. Семејството дури му забранило на Гордон да ја посетува во болница, а медиумите пишуваат дека бил „скршен од тага“ откако дознал дека неговата девојка починала.Било изјавено дека Боби Кристина починала во неделата, додека нејзиното семејство било покрај неа.
Да потсетиме, на 21 јануари, Боби била п



