Почина ЛЕГЕНДАРНИОТ АКТЕР Омар Шариф!

Легендарниот актер кој се прослави со своите улоги во „Лоренс од Арабија“ и „Доктор Живаго“, почина на 83-годишна возраст.Според информацијата која први ја пренесоа медиумите од Египет, а потоа и тие од остатокот од светот, Омар Шариф почина од срцев удар во болница во Каиро. Тој имаше 83 години. Ѕвездата од „Доктор Живаго“, како што во мај оваа година пред јавноста откри неговиот син, веќе некое време се бореше со Алцхајмеровата болест.
Шариф е син на родители од Сирија и Либан кои првично му го дале името Михаел Демитри Шалхуб. Тој пораснал како католик и дипломирал математика и физика пред да се одлучи да го преземе семејниот бизнис поврзан со дрвенарија.
Се прослави со филмот „Лоренс од Арабија“ снимен 1962. година и стана светска ѕвезда. Тој се појави во 118 ТВ и филмски проекти во текот на кариерата која траеше неколку децении, а беше номиниран за Оскар и освои три „Златни глобуси“. Покрај по „Лоренс од Арабија“ тој ќе остане запаметен, меѓу другото, и по улогите во „Доктор Живаго“ и „Смешната девојка“.
Потсетете се на легендата…

Според информацијата која први ја пренесоа медиумите од Египет, а потоа и тие од остатокот од светот, Омар Шариф почина од срцев удар во болница во

Пронајдете не на следниве мрежи: