четврток, 12 ноември 2026
Најново

Почина најдебелата жена на светот која цели 25 години била врзана за кревет

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во болницата била примена во текот на април и постојано лежела во кревет без никаква можност да зборува.Некогаш најдебелата жена на светот, Египќанката Еман Абдул Ати од Абу Даби, починала само неколку денови после нејзиниот 37 – ми роденден. Поради појавата на срцеви проблеми и откажувањето на работата на бубрегот, таа умрела во болницата каде била примена во текот на април. Таа постојано лежела во кревет без никаква можност да зборува или да извршува некаква активност.
Имала епилептични напади поради што ѝ се парализирала десната страна на телото.  Со оглед на тоа што не можела да застане под скенерот, докторите ѝ велеле дека мора да ослабе што повеќе за да можат да ѝ ја снимат главата и да ѝ направат операција.
За многу краток период таа успеала да ја намали тежината, но проблемите се зголемувале. Докторите откриле дека Еман боледува од ретко генетско пореметување поради кое останувала гладна многу набрзо.
И покрај тоа што делуваше дека нејзината состојба се подобрува, во текот на вчерашниот ден нејзината состојба нагло се влошила, а смртта настапила денес околу пладне.
 
 
Некогаш најдебелата жена на светот, Египќанката Еман Абдул Ати од Абу Даби, починала само неколку денови после нејзиниот 37 – ми роденден. По

Поврзани вести