Почина поранешниот еврокомесар Жак Баро

Поранешниот француски министер од редовите на центарот и вицепретседател на Европската комисија, Жак Баро почина изутринава на возраст од 77 години, јавува дописникот на МИА од Париз.Жак Баро беше роден на 3 февруари 1937 година. И покрај високите министерски функции во Франција од 2004 до февруари 2010 беше еврокомесар и заменик претседател на комисијата на Жозе Мануел Баросо, најпрво како комесар задолжен за транспорт, а потоа како комесар задолжен за Парвда, Слобода и Безбедност.
Тој почина ненадејно утрово во париското метро. Во моментов тој ја извршуваше функцијата член на Уставниот совет на Франција.
За македонската јавност Жак Баро ќе остане запаметен по неговата изјава дадена на прес-конференција во Луксембург на 4 јуни 2009, кога ја нарече нашата земја „Северна Македонија“.
Тоа беше во моментот кога како потпретседател на Европската комисија, Жак Баро навести укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора. Притоа, тој како еврокомесарот за правда, Република Македонија ја нарече „Северна Македонија“.
– Тоа што можам да кажам е дека ние денес имаме чувство дека ПЈРМ, Северна Македонија, Србија и Црна Гора навистина направиле големи напори. Затоа, ние мислиме дека треба да водиме сметка за овие напори. Во моментов не сум апсолутно сигурен, но постои веројатност да предложиме за крајот на годинава либерализација на визниот режи. Тоа е предлог за трите земји. Но, тоа е само предлог и тоа е веројантност за која не можам да кажам повеќе“, изјави тогаш Жак Баро.
Тогашната „грешка“ на Жак Баро кој во изјавата за новинарите во Луксембург вечерта на 4 јуни 2009, најпрво рече „ПЈРМ“ за потоа веднаш да се поправи самиот со „Северна Македонија“ може да се стави во контекст на тогаш честото пишување и изнесување на мислења за евентуалното можно решение за прашањето на името.
Тоа беше првпат еден висок европски функционер – потпретседател на Европската комисија – да го употреби тоа име. Неговиот портпарол набрзо ја „исправи грешката: „Ако во еден даден момент тој искористил друг израз од ПЈРМ, тој направил мала грешка и тоа може да се случи…“
Жак Баро важеше за близок до поранешниот француски претседател Жак Ширак.Жак Баро беше роден на 3 февруари 1937 година. И покрај високите министерски функции во Франција од 2004 до февруари 2010 беше еврокомесар и замени

Пронајдете не на следниве мрежи: