Почина последната актерка од изведувачите во филмот „Казабланка“

Почина Мадлен Лебо – последната жива изведувачка од класичниот филм „Казабланка“, соопшти весникот Холивуд репортер, повикувајќи се на изјавата на нејзиниот син.92-годишната Лебо ја толкуваше улогата на Ивон – отфрлената љубовница на протагонистот Рик, толкуван од Хемфри Богарт. Мадлен Лебо е родена во близина на Париз.
Во 1940 година, таа бега од окупираниот Париз од страна на нацистите во Франција, заедно со својот сопруг Марсел Далио, бидејќи тој бил со еврејско потекло. 
Семејството се преселило во Холивуд, а во „Казабланка“, Далио ја одигра улогата на крупието Емил.
По завршувањето на војната, Лебо се враќа во Франција и во 1963 година учествува во епизодната улога во класиката на Федерико Фелини „Осум ипол“.
Црно-белиот филм „Казабланка“ (1942) е во режија на Мајкл Кертис и освои три награди за Оскар – за најдобар филм, режисер и сценарио. 
До ден-денешен, филмот се смета за едно од најдобрите дела направени во Холивуд.92-годишната Лебо ја толкуваше улогата на Ивон – отфрлената љубовница на протагонистот Рик, толкуван од Хемфри Богарт. Мадлен Лебо е родена во близ

Пронајдете не на следниве мрежи: