Почина родилка од Битола!

Битола во шок. 31годишна родилка починала од сепса на скопските клиники откако со компликации по извршен царски рез била препратена од битолската болница. Семејството се сомнева на лекарска грешка. Од битолската болница пак тврдат дека  целата постапка била според протоколите.
Пред 40 дена, жената се породила во Битола, а две недели по породувањето состојбата и се влошила. Добила висока температура, имала висок притисок и силни болки во стомакот и била дијабетичар. Првичните информации кои се раширија е дека лекарите во Битола еден месец жената ја лекувале од стомачен вирус, а кога ја испратиле во Скопје, се утврдило дека таа починала од сепса и се шпекулира дека ја добила од породувањето со царски рез, но и дека лекарите во стомакот заборавиле медицински инструмент. Од битолската болница не сакаа да зборуваат, а директорот вети дека ќе испрати соопштение. Болницата излезе со став дека ги демантира шпекулациите за причината за смртта.
„Пациентката е примена на гинеколошко-акушерското одделение во Битола со тешка прееклампсија, односно висок крвен притисок. Имала шеќерна болест и земала инсулин.  Како дополнителен ризик фактор била и екстремно зголемената телесна тежина. Поради високиот ризик по здравјето и животот на пациентлката која имала дополнителни заболувања велат од болницата, лекарскиот тим направил итен царски рез. Подоцна, кога се влошила состојбата на пациентката, извршена е ревизија од четворица доктори пришто во абдоменот на пациентката не е пронајдено никакво страно тело. Одлучено е таа да се транспортира на скопските клиники и при транспортот пациентката била во стабилна здравствена состојба. Ова е потврдено дека и во овој случај е постапено според сите медицински протоколи и е применета медицина базирани на докази.Семејството се сомнева на лекарска грешка. Од битолската болница пак тврдат дека  целата постапка била според протоколите.
Пред 40 ден

Пронајдете не на следниве мрежи: