„Почивај во мир пријателе“- колегите се збогуваа со Ацо Конга преку социјалните мрежи

Ова утро Македонија ја потресе веста за трагичната смрт на музичкиот мајстор Ацо Богдановски – Конга, кој ќе остане запаметен како еден од првите музичари кои кај нас го донесоа овој традиционален кубански тапан.На страна од неговата професионалност, Ацо ќе остане запаметен како семеен човек и пред се еден одличен пријател. Многу од неговите колеги и пријатели утрово со неверување се разбудија со оваа немила вест. Секој на свој начин, се обидоа да ја искажат својата тага и почит, многумина од нив, на социјалните мрежи, пренесува Република.
– Нашиот колега Ацо Конга не успеа да се избори со болеста…Многу жално. Почивај во мир Ацо – пејачката Елена Петреска беше меѓу првите кои дознаа.
– Тажно, многу тажно…Почивај во мир друже – се јави и Тамара.
– Почивај во мир, пријателе – се редеа и последните поздрави од соработниците и пријатели актери Весна Бејби – Петрушевска, Петар Горко…
– Штета и греота – додава Дарар.
– Почивај во мир! Добрите луѓе не тонат во заборавот! Ти сигурно нема да потонеш во заборав! Респект, слава ти и фала… – напиша Угро.
– Аман бе…. Аман бе!!!!!! Зашто бе вакви работи? Отиде уште еден добар човек… Пред се татко и сопруг, па после пријател, колега и талентиран музичар…. Нека ти е лесна земјата Ацо, не сплоти барем на кратко, не мотивираше да се запрашаме ШТО е животот и колку вреди…. Почивај во мир – со тага и неверување напиша Нина Јанева.
– Ќе ни недостасуваш…- вели неговата колешка Маја Вуќичевиќ.На страна од неговата професионалност, Ацо ќе остане запаметен како семеен човек и пред се еден одличен пријател. Многу од неговите колеги и пријат

Пронајдете не на следниве мрежи: