Почна продажбата на карти за Еуро 2016: Картите за финале ќе достигнат цена од неверојатни 900 евра!

Точно на пладне, на службената интернет страница на EURO2016.com, почна пријавата за купување влезници за Европското првенство во фудбал кое од 10. јуни до 10. јули ќе се одигра во Франција.Влезниците за ЕП во Франција ќе можат да се купат до 10. јануари само преку официјалната интернет страница.
Во случај интересот за влезниците да го надмине бројот на влезници за продажба, УЕФА ќе организира ждрепка за која сите пријавени ќе бидат известени до февруари 2016. година, а редоследот на пријавите нема да има никакво влијание на резултатите од ждрепката.
Навивачите можат да се пријават за поединечни влезници и тоа за максимално четири лица по натпревар. Можни се и пријави за пакет влезници, кој овозможува следење на сите натпревари на омилениот тим на турнирот. Влезниците за лица со посебни потреби ќе бидат достапни во ограничен број.
Официјални цени на влезниците се:
Отворање на ЕП – 75, 195, 395 и 595 евра.
Останати натпревари во група и осмина финале – 25, 55, 105 и 145 евра.
Четвртина финале – 45, 85, 135 и 195 евра.
Полуфинале – 65, 165, 295 и 495 евра.
Финале – 85, 295, 595 и 895 евра.Влезниците за ЕП во Франција ќе можат да се купат до 10. јануари само преку официјалната интернет страница.
Во случај интересот за влезници

Пронајдете не на следниве мрежи: