Почна со ПРЕПИРАЊЕ: „Миле Китиќ ме искористи, а неговата сопруга беше љубоморна на мојот изглед!“

Атрактивната пејачка Сандра Африка, во последните година дена важи за една од најбараните пејачки, а почетоток на нејзината кариера е врзан за Миле Китиќ. Сандра прво се појавила во неговиот спот, а потоа со него одела на сите настапи, но тврди дека таа повеќе му помогнала нему, отколку тој на нејзе.„Кога реално ќе се погледнат работите, тоа навистина е така. Прв пат се појавив во неговиот спот за песната `Татина маза`. Во спотот требаше да се појави црнкиња, меѓутоа таа се разболе и ме викнаа мене бидејќи тогаш имав потемен тен. Тогаш бев во солариум и одлично се вклопив покрај црнецот кој рапуваше. Кога Миле виде дека спотот одлично испадна и дека луѓето почнаа да прашуваат за мене, не сакаше да ја испушти шансата. Повторно ме повика да учествувам во спотот `Шампањац`, а потоа ме водеше на настапи. Му одговараше сето тоа. Затоа и јас му помогнав на свој начин. Тој го виде тоа и ме искористи на убав начин, но кога ми беше потребна помош само да го сврти бројот на Марина Туцаковиќ и да ме најави – тој ми го сврте грбот. Не барав пари од него, иако ќе го чинеше само 100 динари од кредитот. Се чувствував искористено. Јас му бев потребна и заработи добри пари на мене“, рекла Сандра за Pilsonline.rs, а потоа додела и дека сопругата на Миле, Марта Савиќ, била љубоморна кога ја видела како изгледа.
„Беше љубоморна, сѐ додека не ме виде. До тогаш зборуваше јас да одам со него, бидејќи знаеше дека тој дома ќе донесе повеќе пари. Ми велеше љубави, среќо, а кога ме виде ја смени плочата. Не знам што ѝ се вртеше во главата“, заклучила Африка.„Кога реално ќе се погледнат работите, тоа навистина е така. Прв пат се појавив во неговиот спот за песната `Татина маза`. Во спотот требаше

Пронајдете не на следниве мрежи: