Вечер во 20 часот, во Градскиот парк на плочникот кај Школка, официјално ќе биде отворен Меѓународен младински турнир во ракомет СКОПЈЕ КУП 2014, кој од 13 до 19 август ќе се одржува во градот Скопје.На турнирот ќе земат учество 15 екипи од Македонија, Србија и од Црна Гора, со ракометарки и ракометари родени 1998 година и помлади, коишто натпреварите ќе ги играат во спортската сала Расадник, во Кисела Вода и во спортската сала Ѓорче Петров, кај средното училиште „Кочо Рацин“.
Град Скопје е покровител на настанот и преку Програмата за спорт од Буџетот издвојува 100.000 денари, а Меѓународниот младински турнир во ракомет СКОПЈЕ КУП 2014 е во организација и реализација на РК Работнички во соработка со Ракометната федерација на Македонија.На турнирот ќе земат учество 15 екипи од Македонија, Србија и од Црна Гора, со ракометарки и ракометари родени 1998 година и помлади, кои



