Почнува Меморијалниот турнир во мал фудбал „Љубанци 2016“ во чест на загинатите бранители

Меморијален турнир во мал фудбал во скопско Љубанци се одржува традиционално од 1974 година, а доби меморијален карактер во 2001 година кога почна да се игра во чест на загинатите бранители од Љубанци во конфликтот од 2001 година.Иако закажан за 12 август, поради активностите поврзани со поплавените подрачја , отварањето на меморијалниот турнир Љубанци 2016 беше одложено.
Исто така, сите пријавени екипи од населените места: Смилковци, Стајковци, Брњарци, Црешево и Булачани, кои беа зафатени со катастрофалната поплава беа ослободени од плаќање на котизација.
И годинава ќе бидат доделени награди за најдобриот играч и голман, како и награден фонд за прво второ и трето место.
Судиската двојка на турнирот е од Фудбалската федерација на Македонија.
Годинава се пријавени околу 50 екипи. Дел од нив се Клуб Милениум, Бутел, Меѓу ноги, Филео, Мафи (Тетово), Оризари, Госв Транс, Буларт Констракшн, Побожје, Рамстор, Спортска гостилница, Фер плеј, Ченто и други.
Официјално отварање на турнирот е во 20:00 часот, а натпреварите ке започнат од 20:50.
20:50 Филео- Нови Лисици21:30 Багра- Ченто22:10 Рамстор- Аква вардар коп
Сите пари собрани од уплатата на котизацијата ке им бидат дадени на семејствата на загинатите бранители.Иако закажан за 12 август, поради активностите поврзани со поплавените подрачја , отварањето на меморијалниот турнир Љубанци 2016 беше одложен

Пронајдете не на следниве мрежи: