Почувствувај ја Македонија со шестото сетило – срцето

Loading...

Друштвото на писатели на Македонија и младинската организација „Почувствувај ја Македонија“ со гордост го покануваат секој вљубеник во македонската литература напеттиот настан од поетскиот караван при проектот „Почувствувај ја Македонија со шестото сетило – срцето“.По Дебар, Охрид, Прилеп и Штип, одиме во НОВАЦИ!
Дата:                     14. Септември
Место:                 манастир „Св. Ѓорѓи“  – с. Паралово
Време:                                12 ч.
На овој настан, со својата поезија ќе не удостојат:
–          Елизабета Јончиќ
–          Живко Новески
–          Весна Мундишевска
–          Радован П. Цветковски
–          Андрија Дојчиновски
–          Гордана Михаилова Бошнакоска
–          Кире Неделковски
–          Мирјана Стојановска
–          Панде Манојлов
–          Билјана Т. Димко
–          Зоран Пејкоски 
–          Никола Илијовски и
–          Милица Димитриовска Радевска.
 
Програма на овој настан ќе биде збогатена со:
–          проф. др. Лидија Стојановиќ Лафазановска со кратко предавање на тема „Св. Ѓорѓија и борбата со ламјата“
–          Проф. Вера Стојчевска Антиќ со осврт на животот и делото на Ѓорѓи Сугаре
–          Маестро Мите Грозданов со изведба на монодрама
–          Хуманистот Живко Поповски – Цветин со своите прекрасни цветни пораки за мир
–          Апсолвентот Менде Мацанковски на факултетот по музичка уметност со изведба на „Ave Maria“
–          Неповторливата, 16 годишна, Ангела Јончиќ со изведба на рецитал од великанот Петре М. Андреевски
–          Музичкото дуо Signature составено од од Нина Милановиќ – виолина и Трајанчо Стојановски – гитара
–          Уметнички изложби
Настанот ќе биде модериран од Сузана Апостолова и овековечен од нашиот официјален фотограф Силвија Стојановска.
Хуманитарната мисија на караванот продолжува и на овој настан и повторно собраните средства од книгите да се подарат на НОРА (Невладина Организација за Ревматизам и Артритис).
И за овој настан, формиравме анонимна жири комисија, која ќе ни го одреди петтиот добитник на наградата „Витез на Македонскиот пишан збор“
За сите оние кои сакаат да присуствуваат имаме и организирана програма, во износ од 550денари по личност, која опфаќа:
–           Превоз ( Скопје – с. Паралово, Новаци – Скопје )
–          Посета на храмот св. Ѓорѓи – село Паралово
–          Можност за посета на гробот на Ѓорѓи Сугаре
–          Поетско читање со еминентни писатели
–          Закуска со традиционална храна
–          Неописливо чувство
–          Неповторливо дружење.
 
Пријавување и дополнителни информации на телефонскиoт броj 078 854 057 или на електронската адреса  [email protected]
 
* Цената од 550 денари по личност, за организаната програма се однесува само и исклучиво на луѓето кои што доаѓаат од Скопје, поради покривање на патните трошоци!По Дебар, Охрид, Прилеп и Штип, одиме во НОВАЦИ!
Дата:      &n

loading...
Loading...