Под површината на Плутон можеби има океан

Претходните истражувања покажале дека под површината на планетата Плутон има или некогаш имало океан. Научниците од универзитетот Браун во САД се убедени дека е многу веројатно тој уште да постои.Тие создале компјутерски модел за да симулираат еволуцијата на џуџестата планета.
Во него користеле податоци собрани од вселенскиот апарат „Нови хоризонти“ на НАСА.
Моделот открил дека ако на Плутон имало океан и тој е пресушен пред милиони години, планетата би се смалила. Бидејќи нема знаци за смалување, се претпоставува дека под површината уште има океан.
„Благодарение на импресивни податоци испратени од Нови хоризонти, можеме да гледаме остатоци од тектонски движења на површината на Плутон, да го надградиме термичкиот еволутивен модел и да заклучиме дека е многу веројатно под површината на планетата во моментов да има океан“ – изјави раководителот на истражувањето Ноа Хамонд.
Научниците за прв пат теоретизираат дека под површината на Плутон може да има океан, откако „Нови хоризонти“ испрати слики од динамичните предели на планетата џуџе.
Покрај долини со мраз и високи планини, сликите покажаа тектонски пукнатини кои може да се создадени од бавно замрзнат океан. Од приемот на првите фотографии, научниците се обидуваат да разберат како би изгледал океан под површината на планетата.
Дали тој се` уште е таму или е замрзнат пред милиони години?
Новиот модел утврдил дека целосно замрзнат океан на Плутон би требало да вклучува мраз со уникатна структура, кој е со помал обем. Научниците сепак не откриле никакви податоци за намалување на планетата. Податоците покажуваат дека таа се проширува.
Ледената покривка на Плутон најверојатно е погуста отколку што претходно се мислеше, а парчиња азотен и метан мраз помагаат на планетата да ја зачува топлината и да го забави замрзнувањето на океанот.
„Ова е неверојатно“ – истакна Хамонд и додаде: „Можноста да има голем океан од течна вода толку далеку од Сонцето – на Плутон, а можеби и на други објекти во Кујперовииот појас, е неверојатна“Тие создале компјутерски модел за да симулираат еволуцијата на џуџестата планета.
Во него користеле податоци собрани од вселенскиот апарат

Пронајдете не на следниве мрежи: