Под знак прашалник се става и учеството на Русија на СП во Бразил 2014

 
Украина, но и Европската унија бараат спортски санкции за Русија по случувањата на Крим. Тоа значи дека можно е да се случи сценариото од 1992 година кога СФРЈ беше исфрлена од Европското првенство во Шведска и на нејзино место отпатува репрезентацијата на Данска која подоцна го освои шампионатот.
  
Сега Украина, но и западноевропските земји, бара спортски санкции над Русија, што би значело неучество на претстојниот мундијал во Бразил. Тоа го побара украинскиот амбасадор во Европската унија.За да се изгласа такво нешто, потребно е да се состане Советот за безбедност на Обединетите нации. Русија, која е постојана членка на Советот, има право на вето на таквата одлука и ќе спречи каква било резолуција која ќе биде против нејзините интереси.Украина дури ќе оди и на другата варијанта, да се потпише петиција од ученсичките на СП, пред сѐ тие од Европа, на која ќе се бара озоставување на Русија од СП. Дури ни тој расплет нема да биде правно издржан. Јасно е дека ФИФА ќе биде во големи проблеми во следниот период бидејќи лобито на источноевропските земји кои се блиски со Русија е големо. Русија дури е домаќин на следниот мундијал, кој треба да се одржи во 2018 година.Сепак, ќе биде интересно да се види дали таквата иницијатива од западноевропските земји може да помине, пред сѐ, во европската куќа на фудбалот (УЕФА), но и тоа е малку веројатно. Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, очекува голема поддршка на гласови за изборот на претседател токму од земјите-членки кои се блиски до Русија.
Извор: Република
  
Сега Украина, но и западноевропските земји, бара спортски санкции над Русија, што би значело неучество на претстојниот мундијал во Б

Пронајдете не на следниве мрежи: