Поддршката за унитарна Македонија се помасовна

Македонскиот сликар Константин Качев денеска на Фејсбук упати една саркастична порака за актуелните политички случувања во нашата држава до сите оние кои ја понижуваат и омаловажуваат Р. Македонија и се залагаат за нејзино разнебитување.Имено, на Фејсбук тој објави видео на кое го слика македонското знаме, а во позадина оди навивачка песна за македонските репрезентации која ја изведува нашата музичка легенда Тоше Проески.
-Еве уште едно „ Фашистичко-бандитско“ знаме… и песната е фашистичка, а ја пееше најголемиот „бандит, фашист и пијаница“-Тоше Проески, напиша саркастично Качев над видеото.
Овој коментар беше одговор на навредите на Зоран Заев и Петре Шилегов кои јавно ги окарактеризираа како фашисти и пијаници сите оние кои си ја сакаат државата и македонското знаме и протестираат за нивно зачувување.
Непреболениот Тоше Проески, македонската јавност го памети како човек кој премногу  ја сакаше Македонија и со огромен жар ја претставуваше надвор од границите.
Константин Качев спаѓа во редот на истакнатите современи македонски сликари од помладата генерација. Роден е во Ташкент во 1967 година. Завршил ликовна академија во Скопје. Учествувал на многу групни изложби, а самостојно се претставил со десеттина изложби во Скопје, Париз, Њујорк, Софија.
 
Имено, на Фејсбук тој објави видео на кое го слика македонското знаме, а во позадина оди навивачка песна за македонските репрезентации која ја изве

Пронајдете не на следниве мрежи: