Поддржувачите на СДСМ продолжуваат да плукаат по народот

Дрски навреди, лоши зборови и критики кон народот. Вака блиските луѓе на опозицијата сакаат да им предочат на Македонците дека згрешиле што не го избрале Црвенковски и неговите кандидати за градоначалници.
И кога волјата на народот за некого е показател дека работите не одат на добро во еден потесен партиски круг, тогаш за некои политичари и уредници на портали, мора да се нападнат оние кои не гласале за нивниот водач.
Македонскиот народ на демократски спроведени локални избори го даде својот глас. Резултатот е јасен-владејачката партија доби 57 општини, опозицијата 4. Гласните заштитници на опозицијата на чело со СДСМ, веднаш отидоа во акција. За да го одбранат лидерот од огромниот пораз, го нападнаа народот.
Најсилно по народот удри Ацо Кабранов, уредникот на порталот Либертас со колумна која носи наслов „Литмари и пари“. За него граѓаните кои не гласале за Црвенковски и партнерите се платеници, кои го продаваат својот глас за пари. Оваа дрска навреда е недозволива и Кабранов треба или да докаже дека некој зел пари за глас или да се извини што плукна по македонското достоинство.
– Драги мои вие, вие љубителите на фалангата, на преродбата, вие што го субвенционирате гласот, вие што за илјадарка или 100 евра ако сте имале среќа, ви го купија гласот, не ги слушајте опозиционерите и ним блиските аналитичари, дека сте си ја продале душата евтино, парите ќе сте ги потрошеле и пак ќе сте живееле во режим. Се согласувам дека многумина се продале за некој денар, но не се согласувам дека Грујо нема да ви даде пак, пишува Кабранов.
Бидејќи изборните резултати не му одат на Кабранов во прилог, тој си дозволи да го навредува македонскиот народ во својата колумна. Очигледно, свесен дека овие зборови нема да го донесат Бранко на власт во брзо време, Кабранов си дозволи да пишува и за референдум за името. Тој ги обвини граѓаните дека на тој референдум ќе гласале за смена на името, потценувајќи ја нивната љубов кон државата, објаснувајќи дека самиот тој не бил патриот.
-Значи ќе има пак за сите вас, само сега ќе треба на пастирот да му уфрлите ливче дека сте жирант на новото име кое ете тој ќе го одбере, ама кобајаги ќе го нејќе. Епа драги мои, после серијалот победи, чинам ќе имате шанса наскоро за уште една- да излезете на РЕФЕРЕНДУМОТ со кој вие, а не Грујо, ќе се согласите да го смените името. Неговата спин машинерија медиумски тоа немам сомнеж дека ќе го сработи перфектно, вината да биде ваша, не негова, оти ТОЈ е патриотот а вие таквите како него за жал ќе мора да замижете и да голтнете уште едно ПЛАТЕНО саможртвување, напиша Кабранов.
Срамно е вакво однесување кон сопствениот народ, но очигледно Кабранов си ја исполни својата единствена должност- да го одбрани и задоволи Црвенковски и целата опозиција.
Дека гласовите против Црвенковски се гласови купени од народот, смета и Љубомир Фрчковски, член на СДСМ, екс-кандидат за претседател од партијата. Човекот кој неколкупати од надвор упати удари кон Македонија, почна да урира и внатре. Со навреди против народот.
-Македонските граѓани покажаа дека во еден дел ја подржуваат , а во најголем дел се подложни на притисок и корупција од власта , која веројатно ја третираат како нужна и неизбежна во нашата политика или дури ‘‘ербап‘‘ практикување на моќта . Напорна и долга ке биде борбата на либералната заедница во Македонија за основните граѓански права за сите нас ,дури и за оние кои не ги чуствуваат како потребни за себе, пишува Фрчковски.
Јавно бранејќи го Црвенковски и уште погласно кажувајќи дека ги брани и кандидатите за градоначалници на опозицијата се огласи и Бранко Геровски. Тешките за него изборни резултати беа доволен мотив да се нападне македонскиот народ.
Кој е мотивот на ваквото ниско напаѓање? Што им дали за право на овие луѓе да го потценат и навредат народот?
Фактот што овие политичари и новинари се најдоа во состојба во која мора да се соочат со волјата на народот е доволно оправдување кое си го даваат меѓу себе.
Но сите тие, му должат извинување на македонскиот народ кого ниско и дрско го навредија само бидејќи не размислува како нив.
Превземено од КурирДрски навреди, лоши зборови и критики кон народот. Вака блиските луѓе на опозицијата сакаат да им предочат на Македонц

Пронајдете не на следниве мрежи: