Поддржувачите на Тиранската платформа со лажни вести сакаат да ги исплашат граѓаните обединети во „Заедничка Македонија“

Министерството за внатрешни работи нема никакви надлежности да бара притвор за лица. Медиумите под контрола на Сорос се обидуваат преку лажни информации да создадат паника и да ги исплашат граѓаните кои два месеци ја поддржуваат граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и нивните барања за целосно отфрлање на Тиранската платформа.Лидерот на СДСМ Зоран Заев е исплашен од државниот удар кој го направи, нарачувањето  да се пука кон народот и целокупната кривична одговорност за случувањата, па оттука преку потписниците на Тиранската платформа и медиумите кои се под нивна контрола се обидуваат да ги заплашат граѓани.
МВР нема надлежност за да бара притвор, такви мерки бара Јавното обвинителство, а за истите одлучува судот. Во конкретниот случај, со организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ за кои соросовите медиуми пишуваат лажни вести дека МВР бара притвор, нема ниту дело.
Од МВР за Курир велат дека се работи за лажна вест.
-МВР ниту има ингеренции, ниту побарало притвор за кого било околу случувањата во Собранието. Тој што ја пуштил лажната вест покажал целосно непознавање на Законот за кривична постапка. Доколку некој од медиумите се јавеше да провери секако ќе му ја објасневме постапката и ќе го упатевме кај надлежниот Јавен обвинител кој го води случајот и презема мерки, велат од МВР.
Од Основното јавно обвинителство денес соопштија дека досега не е поставена правна квалификација на извршените кривични дела.
– Поставувањето на конкретната правна квалификација за секое лице за кое ќе се утврди дека сторило кривично дело ќе биде сторено откако ќе се собере потребниот доказен материјал одделно за секое лице инволвирано во кривично правните настани и по утврдување на фактите. Оттука ја известуваме јавноста дека ОЈО Скопје нема направено никаква преквалификација на кое било кривично дело и дека досега објавените информации во дел од медиумите се шпекулација, се наведува во соопштението на ОЈО.
Правните експерти кои ги консултиравме за тоа дали посочените лица може да побараат заштита ни одговорија дека може да се консултираат со адвокат и да покренат тужба против медиумите кои непрофесионално се однесуваат и го рушат угледот на лицата.Лидерот на СДСМ Зоран Заев е исплашен од државниот удар кој го направи, нарачувањето  да се пука кон народот и целокупната кривична одговорнос

Пронајдете не на следниве мрежи: