Подгответе ги марамчињата: Актерот напишал емотивна порака за својата сопруга и интернетот одлепи

Љубовта помеѓу актерот Ченинг Татум и  неговата понежна половина Џена цвета  од ден на ден се повеќе.Актерот од секогаш  знаел да биде нежен кон неа, но за Светскиот  ден на мајките ја напишал убедливо најемотивната порака до сега.
Имено, тој  на својот Инстаграм профил објавил фотографија од Џена како ја држи нивната ќерка Еверли, а во коментар го напишал следното:

„Го  фотографирав ова само  неколку  дена откако  Џена и  јас (во главно  Џена) го донесовме на свет нашето  девојче. Направив многу  вакви фотографии во изминативе  три  години, но оваа ми  е омилена. Беше толку уморна. Но  има во  себе толку  длабока сила и  грациозност. Глегајќи ја  тие први денови како  се претвора во мајка, беше искуство  кое ни  го промени животот. Беше секси убавица и интересно суштество во кое се вњубив. Но  се се смени и  се покажа сосема ново  светло за кое не ни  знаев дека постои, светло  на мајчинска љубов.  Ти  благодарам за бебето. Најважната работа која еден татко може да го стори  за своето дете, е да ја сака неговата мајка. Те сакам“.Актерот од секогаш  знаел да биде нежен кон неа, но за Светскиот  ден на мајките ја напишал убедливо најемотивната порака до сега.

Пронајдете не на следниве мрежи: