Подгответе се! Од утре поларна зима

Стабилно и суво време со утрински температури под нулата се очекуваат од утре кои на повисоките места и на планините ќе се спуштат и под -15 степени.Утринските температури според најавите од УХМР утре ќе се движат од -12 во Маврово, -10 во Берово, -8 во Крива Паланка, -6 во Тетово, Прилеп, Свети Николе, -5 во Скопје, Охрид, Штип и Струмица, -4 во Демир Капија и -2 во Гевгелија. Температурата ќе остане под нулата и во текот на денот во Маврово -5 и Берово -2 степени.
Максималната температура утре ќе достигне до 6 степени во Гевгелија. Во Скопје ќе биде три степени.
За новогодишната ноќ времето ќе биде вредро и многу студено со температура околу -10 степени.
Дневните температури од недела ќе бидат во благ пораст и ќе се движат од 4 до 9 степени, во понеделник од 5 до 10, вторник од 6 до 11 и среда од 3 до 9 степени.
Утринската температура во недела ќе се движи од -14 до -6, во понеделник -12 до -5, вторник од -11 до -4 и во среда од -8 до 0 степени.Утринските температури според најавите од УХМР утре ќе се движат од -12 во Маврово, -10 во Берово, -8 во Крива Паланка, -6 во Тетово, Прилеп, Свети

Пронајдете не на следниве мрежи: