Подгответе се за ураганот „HEIDI“, ветува луда журка утре во МКЦ

“WIN MUSIC FREEDOM” по одличната градска забава со Miss Kittin, Solomun Hosh и Pan Pot има чест да ви ја претстави ураганот HEIDI, жената која во последната декада стигна до висока позиција, всушност лидер во презентација на најквалитетна андерграунд хаус и техно музика. Одличната забава е закажана на 5ти ноември, сабота, во МКЦ Со почеток од 23 часот. Локална поддршка ќе има од DJ Flooder & Maci Stojanovic, а како Win Music Freedom Lounge се Ивана Драгшиќ, Соња Исмаил и Илина Ангеловска. Билети во продажба во  Hash Bar, Кино Карпош, Радио Бар, Излет Кафе, Билетарата на МКЦ, Јагода (Битола) и https://mktickets.mk/heidi-mkc “Јас доаѓам од подиумот, сакам да играм, за мене е разочарувачки кога си заминуваш од журката без добар и силен впечаток од неа, едноставно се трудам секој мој сет да заврши со нешто што ќе се памти и раскажува“ има изјавено Heidi за Independent.
Како диџеј има настапи на сите континенти, од фестивали до највлијателни клубови како “Watergate” Берлин, “Fabric” Лондон, но работи и како уредник на емисијата “Residency” на глобално популарното “BBC radio one”. 

Таа го живее сонот на секој диџеј на планетата
Родена е во Канада и во средината на деведесетите започнува да патува на журки во Детроид и Чикаго, стекнувајки значајно дискофилско искуство. Во 2001 година се сели во Лондон, сериозно инволвирајки се во клубската сцена преку работата во продавница за плочи и непрестано журкање. Затоа таа вели : “Шизам дур пуштам музика бидејки потекнувам од подиумот. Тоа прави да ја чувствувам музиката вистински и знае најчесто да ме донесе до експлозија”. Во 2004 година заминува за Берлин, под заштита на Гермаското продуцентско дуо M.A.N.D.Y. Берлин ја засакува и ја препознава свежината која HEIDI ја носи со својот одличен избор на нова хаус музика и најдоброто од андерграунд класиките. Станува резидент на “Watergate”, но исто така често е букирана и во “Panorama bar/Berghain” .
Ова го препознаваат во “BBC Radio One” и ја покануваат да уредува емисија за нови диџеј таленти, но по шест месеци, таа го добива своето вистинско радио шоу “Residency”, каде добива можност безкомпромисно да претстави најавангардни продукции на хаус и техно музика. Поради долгогодишно дружење и настапи со највлијателните диџеј имиња, таа успева да создаде сосема нов концепт на водење дискографска куќа. За нејзиниот бренд “JACKATHON”, свои песни издадоа Miss Kittin и легендарниот Derrick Carter. На истоимените забави HEIDI меѓу другите ги имаше за гости : Richie Hawtin, Soul Clap, Solomun, Maceo Plex, Nicolas Jaar…
За HEIDI речиси нема слободен ден. Таа буквално е највредниот диџеј на денешницата.
Се гледаме на журка!
  “Јас доаѓам од подиумот, сакам да играм, за мене е разочарувачки кога си заминуваш од журката без добар и силен впечаток од неа, едност

Пронајдете не на следниве мрежи: