четврток, 12 ноември 2026
Најново

Подгответе се за Велигденските пости, ова не смеете да го јадете

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Последната недела пред почеток на големиот Велигденски пост се нарекува сиропусна недела. Таа е од подготвителен карактер и подразбира дека треба телесно и духовно да се подготви за Воскресението Господово. Големиот пост е најважен посен период во текот на годината и затоа оваа недела, ако постите од наредната недела, морате да се придржувате до одредени правила во исхраната.
За време на оваа недела, забрането е да се јаде месо, но дозволно е да се јаде риба и јајца, што може да се конзумира и на денот воочи големиот пост, на Прочка, по што почнува периодот на пост.
Големиот пост воедно е и најстрог пост на црквата и задолжителен е за сите христијани. Во време на овој пост треба да се воздржуваме од конзумирање месо, јајца, сирење, млеко, значи секоја храна што содржи животински масти.
Риба и вино можат да се конзумираат само на Благовец, Лазарева сабота и Цветници. Среда и петок се строги пости на вода.
Првите три дена од првата недела на големиот пост, се пости строго. Тоа важи и за последната недела од постот, која се пости на вода.  Големиот пост е најважен посен период во текот на годината и затоа оваа недела, ако постите од наредната недела, морате да се придржувате до одреде

Поврзани вести