Поднесена кривична против едно лице за убиството на Мартин Јанушев

Имаме несоборливи докази дека лицето Ф.С. е сторител на убиството на Мартин Јанушев, информираше денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при посетата на СВР Скопје.– Поднесена е кривична пријава, а стапуваат и другите мерки кои треба да бидат преземени во смисла на меѓународна потерница итн. за обезбедување на лицето и целосно расчистување на случајот, рече Спасовски.
Додаде дека имаат индиции за местото каде што се наоѓа сторителот и во моментот МВР е насочено на неговото откривање.
Поранешниот фудбалер Мартин Јанушев беше убиен на 3 ноември годинава со неколку куршуми пред влезот од неговата зграда на улицата „Владимир Комаров“ во скопски Аеродром.
Дел од медиумите во меѓувреме објавија дека зад убиството на Јанушев стои 23-годишниот Филип Секуловски, кој извршувал шестгодишна казна затвор за трговија и поседување дрога. Секуловски, викендот кога беше извршено убиството бил пуштен на слободен викенд, но не се вратил в затвор. Управата за санкции тогаш потврди дека Секуловски не се вратил од слободен викенд и затоа е распишана потерница по него– Поднесена е кривична пријава, а стапуваат и другите мерки кои треба да бидат преземени во смисла на меѓународна потерница итн. за обезбедув

Пронајдете не на следниве мрежи: