Поетесата Ирена Христова објавена во Меѓународна збирка

Меѓународната школа за поезија од Белград и Клубот на уметници ,,Ѕвездани Колодвор‘‘ објавија Mеѓународна збирка поезија под наслов ,,Стихови од седефа‘‘, а во него стихови и од младата македонска поетеса Ирена Христова од Велес.Меѓународната збирка ,,Стихови од седефа‘‘ е објавена електронски, а ќе биде промовирана и во печатено издание. Збирката поезија содржи избрани творби на автори учесници на Меѓународен поетски конкурс на тема ,,Стихови за љубовта‘‘, распишан од Меѓународната школа за поезија од Белград и Клубот на уметници ,,Ѕвездани Колодвор‘‘ .  
Младата талентирана поетеса Ирена Христова во збирката е застапена со една поетска творба објавена на македонски јазик. Покрај поезијата на Христова, избрани се стихови на 89 автори од Србија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина.
***
Ирена Христова е родена на 12 јуни 1996 година во Велес. Поезија пишува од најрана возраст. Автор е на стихозбирката  ,,Љубов за сите‘‘ објавена во 2011 година. Активен член е на Клубот на писатели ,,Коста Солев Рацин‘‘ од Велес.Таа е редовен учесник и носител на награди и признанија на многубројни натпревари и поетски фестивали организирани кај нас, но и во странство. Нејзината поезија е наградувана и на интернационално ниво во Италија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.
Поетесата Ирена Христова своја поезија има објавено во неколку зборници како што се ,,Велешки поетски пулсирања‘‘ , ,,Творечки бранувања 2014‘‘ , во Меѓународните збирки ,,Голи живот у уметности‘‘ во издание на Здружението на балкански уметници од Суботица,  ,,Моја песна теби за Валентиново ‘‘ во издание на ,,Култура Снова‘‘ од Загреб, и во ,,Авлија‘‘, меѓународно списание за култура и книжевност.Меѓународната збирка ,,Стихови од седефа‘‘ е објавена електронски, а ќе биде промовирана и во печатено издание. Збирката поез

Пронајдете не на следниве мрежи: