Погледнете ги ДОБРО овие две БЕМКИ! Доколку ги имате внимавајте, една од нив е потенцијален РАК!

Со  бемките на кожата не треба да се играте, дури и  доколку  денес се бенигни, никогаш не се знае кога може да се смени  тоа. Сепак, повеќето  ги избегнуваат  предупредувањата од експертите и  ниту  ги контролираат своите бемки на доктор, ниту  користат соодветна заштита кога се изложуваат  на сончеви зраци.Внимателно  погледнете ја фотографијата. На неа гледате две бемки. За жал, една од нив е темпирана бомба, за која не се знае кога или  дали  некогаш  ќе експлодира.
Се работи  за таа од десно, црвената бемка, која повеќе потсетува на некој  вид  бубулица, но  секогаш е тука.
Фотографијата ја направил Саша Ј, момче кое поради оваа, но и  многу  други црвени  бемки мора барем еднаш во 6 месеци да посети  дерматолог.
 А ова е неговата приказна:
„Мојот татко  имаше многу  такви ситни црвени бемки по  телото. Еден ден, една од нив почна да расте, а потоа пукна. Бидејќи раничката го чешаше  и  болеше, татко ми  отиде на дерматолог за да го  среди тоа. Докторите немаа добри вести. Му  соопштија дека има малиген меланом, смртоносен вид на рак на кожата“, вели Саша.
За среќа, неговиот татко  на време го  открил ракот, па сега, по  операцијата и  неколку  мачни  хемотерапии е излечен. Но, докторите  му  кажале дека ни  другите ситни бемки кои ги има не се наивни. За работата да биде полоша, и  Саша ги наследил.

 
„Свесен сум за тоа дека мојата кожа може во  секој момент да ме убие. Иако сум прилично темен и  лесно поцрнувам, не сум безбеден. Штом се појави првото посилно сонце, морам да целото  тело  да го  мачкам со  креми  со  најголем фактор против ув-зрачење. Можете да ме видите по  градските улици како, како  некој  лудак, дури  и  на +40 степени одам во маици со  долги  ракави, заштитен со  шешир“, вели  Саша.
Исто  така и  тој и  неговиот татко редовно одат на прегледи.

„Кога ќе ме видат на плажа како  се мачкам со  лосиони, другарите и  другарките ме зезаат дека сум дада Перса. Но, навистина не сакам да минам низ пеколот низ кој мина мојот  татко. Затоа и  сите нив ги  терам да се мачкаат“, открива тој  и  додава:
„Би  сакал да ги предупредам сите  луѓе дека ракот на кожата не е „нешто  што  му  се случува на некој  друг“, туку сурова реалност која може да го  снајде секој  од нас“, порачува Саша.Внимателно  погледнете ја фотографијата. На неа гледате две бемки. За жал, една од нив е темпирана бомба, за која не се знае кога или  да

Пронајдете не на следниве мрежи: