Погледнете колку ќе чинат картите за ракометниот меч помеѓу ЖРК Вардар и РК Подравка

Од денес во продажба картите за натпреварот во лигата на шампионите меѓу ЖРК Вардар -Подравка.По триумфот над Балонмано Бера Бера и земениот бод на Ларвик, женскиот ракометен шампион на Македонија, ЖРК Вардар СЦБТ се подготвува за средбата со Подравка. Натпреварот ќе се одигра на 19 октомври (сабота) со почеток во 20:00 часот во Спортскиот Центар „Борис Трајковски“.
Влезниците за овој натпревар од Лигата на шампиони кој што ЖРК Вардар СЦБТ ќе го одигра на домашен терен, се веќе пуштени во продажба. Во продажба се достапни следниве опции за влезници:
Поединечни влезници од 100 денари за блоковите Б1, Б2, Б3, Б4, Б5, Б6, Б7, Б8, Б9,Б10, Б11, Б12, Б14, Б15
Поединечни влезници од 200 денари за блоковите М1, М2, М7, М8, М9, М15
Влезниците се достапни во продажната мрежа на МК тикетс:
 Продажните салони на ONE во: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall) Куманово, Тетово, Гостивар, Битола 01, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија.
Продажните салони на Office Plus во: Ramstore, Skopje City Mall, ГТЦ, Paloma Bianca, Југотон (Скопје, ГТЦ 1 кат)
Онлајн продажба преку следниов линк: https://www.karti.com.mk/eTickets/TicketList.aspx?pEventID=301 eTickets www.karti.com.mk
Извор: Vardar.mkПо триумфот над Балонмано Бера Бера и земениот бод на Ларвик, женскиот ракометен шампион на Македонија, ЖРК Вардар СЦБ

Пронајдете не на следниве мрежи: