Погледнете што ни приреди „Facebook“ за својот 10-ти роденден!

Марк Закерберг одлучил да „ги почасти“ корисниците на Фејсбук на својот 10-ти роденден како најпопуларна мрежа на светот и им спремил едно изненадување.За да го обележи овој јубилеј компанијата лансирала посебна опција наречена „ Look Back “ со која на корисниците им се дава на увид во нивната „Фејсбук историја“, пишува „ Mashable “.
Опцијата се состои од видео посебно креирано за секој корисник, а во видеото се наоѓаат нивните најважни Фејбук моменти.
Закерберг по повод на својот јубилеј го огласил ова на својот Фејсбук профил.
„Кога размислувам за последните 10 години, си поставувам само едно прашање: Зошто баш ние бевме оние кои го создадоа? Па ние бевме само студенти. Имавме многу многу помалку од големите компании. Да се фокусираа и тие на ова можеби и тие ќе можеле да го направат. Единствениот одговор кој ми паѓа на памет е дека „На нас ни беше многу повеќе дојдено до ова“- напишал Закерберг.

„ Неверојатно беше да се види како сите вие корисници ги користите нашите „алатки“, и како создавате една вистинска заедница“. Споделувавте се што можевте… И среќните и тажните моменти… Создадовте едно ново семејство, нови услуги, мали бизниси. Си помогнавте едни на други на многу начини. Благодарен сум што ви помогнав во сето тоа. Чувствувам голема одговорност дека времето поминато овде го искористам најдобро што знам и ви служам најдобро што можам. Фала ви што ми дозволивте да бидам дел од ова патување- кажува Закерберг.
ТУКА можете да го погледнете својот „loоk back“За да го обележи овој јубилеј компанијата лансирала посебна опција наречена „ Look Back “ со која на корисниците им се дава на увид во

Пронајдете не на следниве мрежи: