Пејачката Дона Арес по неколку хемотерапии не се откажува во намерата да ја победи болеста. Неодамна ја прими и петата хемотерапија. Но, не само тоа, таа има многу планови за следната година. Пејачката одлучила дека нема да чека да оздрави за да сними нешто ново, како и дека моменталниот изглед може да го искористи за разни трансформации.„Дали ми верувате дека имам милион планови… добро не баш милион, но имам толку многу што не знам што попрво… во секој случај не размислувам за болеста, ги игнорирам сите мачнини и се што ме снаоѓа и планирам некои свои уметнички проекти… сакам да кажам дека ќе ме оддржи моето креативно планирање и делување… помеѓу останатото како трапија ми помага и плетењето. Плетењето не само што е заборавена рачна работа, туку одлична терапија против неуропатија, а покрај се и одличен психо одмор.
„Инаку, не верувам дека ќе чекам да оздравам за да промовирам нешто ново… ќе го искористам секој свој „добар момент“…. оваа „фризура“ ми овозможува да бидам се што сакам… трпи секакви трансформации… па зошто да не ги искористам во уметнички цели, нешто што ќе остане засекогаш. Во секој случај не планирам да седам и да чекам да оздравам за да снимам песна или спот, како што реков, ќе ги искористам своите „добри денови“… пред некој ден се нашалив: Ма јас сама себе ќе си отпеам хуманитерен концерт ако затреба… но луѓе… нема предавање… што и да ве снајде НЕ Е посилно од вас- ЗАПОМНЕТЕ!! А фризирата, ма жени мои тоа е само изглед… ќе помине“, вака ги објавила пејачката плановите за оваа година на својот Фејсбук профил.
„Дали ми верувате дека имам милион планови… добро не баш милион, но имам толку многу што не знам што попрво… во секој случај не размислув



