Погрешниот избор на Заев може да доведе до распад на СДСМ

Петковски смета дека доделувањето на висока партиска функција на радикалниот Мухамед Зекири може да доведе до одлив на гласови од Македонци на контото на коалицијата на СДСМ.Павле Богоевски, еден од најагресивните претставници на вандалските протести на СДСМ- СОРОС денеска бил виден како излегува од штабот на СДСМ. Тоа само го потврдува фактот дека партиските пазарења се веќе почнати, но се поставува прашањето кого ќе одбере Зоран Заев – невладините организации или пак опозицискиот коалициски партнер Тито Петковски.
Шпекулациите дека некои од активистите на Шарената револуција ќе се најдат на пратеничките листи на коалицијата предводена од СДСМ ги чул и лидерот на НСДП Тито Петковски.
– Но, за мене за сега тоа се само шпекулации. Се надевам дека СДСМ ќе биде галантен на своја сметка, а не на сметка на некој друг – вели Петковски, пренесува Плусинфо.
Според неофицијалните информации, во првата изборна единици се очекува на листата да биде името на директорката на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска, во двојката Павле Богоевски, во четвртата изборна Марјан Забрчанец, во петтата изборна Симона Спировска и во шестата изборна Замир Мехмети, брат на пратеничката Ермира Мехмети.
Во однос на шпекулациите дека поранешниот новинар Мухамед Зекири, кој неодамна стана член на раководството на СДСМ, би можел да ја предводи пратеничката листа во шестата изборна единица, Петковски вели дека треба добра стратегија.
Петковски смета дека доделувањето на висока партиска функција на радикалниот Мухамед Зекири може да доведе до одлив на гласови од Македонци на контото на коалицијата на СДСМ.
– Добро е што СДСМ размислува за градење на демократско општество, но не знам како тоа ќе функционира во услови на длабока етничка поделеност, која во изминатите години ја создадоа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Тоа е прашање на стратегија и тактика, не е исто некој да ја предводи листата, или пак да биде некое место подолу. Може да се случи да се изгубат повеќе македонски гласови, вели Петковски.Павле Богоевски, еден од најагресивните претставници на вандалските протести на СДСМ- СОРОС денеска бил виден како излегува од штабот на СДСМ. Тоа

Пронајдете не на следниве мрежи: